Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Светска премиера на новата Porsche Panamera
 
Spodeli
29 June 2016, 16:48


Светска премиера на новата Porsche Panamera Porsche Panamera Светска премиера на новата Porsche Panamera
Извршниот директор на Porsche, Oliver Blume ја претстави последната генерација на овој луксузен спортист во Берлин. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Вторник, 28-ми Јуни, 2017 година. – ова е датумот на светската премиера на новата Porsche Panamera. Во Берлин, претставувањето беше зачинето со интересна кореографија и спектакуларно осветлување, а беа повикани повеќе од 300 интернационални преставници од сферата на автомобилското новинарство. 
 
Новата Porsche Panamera 2017 e комлетно преработена, а двете контрастни карактеристики ги комбинира подобро од било кога: нуди перформанси на вистински спортист, како и комфор на луксузен седан.
 
 
Од првиот ваков модел, пуштен во продажба во 2009-та година, Porsche има продадено преку 150.000 возила. Новиот модел претставува комплетно „од ново издигнат“ автомобил – со нови мотори, нов дизајн и нови технологии. Вкупната инвестиција, вклучувајќи ја и надоградбата на фабриката во Liepzig, изнесува 500 милиони евра.
 
Во дизајнот на новата Panamera се чувствува поврзаност со Porsche 911, преку уште подинамичната линија која „пролетува“ по должината на возилото. Според Michael Mauer, главниот директор во отсекот за стил на Porsche, кровот сеуште наликува како кај купе-возило, но изгледа многу „забрзано“ и подинамично, додека страничните прозори уште повеќе го потенцираат купе-изгледот. Тој исто така напоменува дека „моќите“ на Panamera и се појачани, слабостите отстранети, а уникатниот карактер, секако е зачуван.
 
 
Новите twin-turbo мотори на Panamera се помоќни од оние на претходникот, а благодарение на новиот 8-брзински менувач со двојна спојка, потрошувачката на гориво е намалена за 16 проценти. Овој луксузен спортист ќе се продава со два мотори: Panamera Turbo ќе има 550 коњски сили, додека Panamera 4S – 440 КС. И двата модели ќе бидат опремени со погон на сите четири ткала како стандарден.
 
 
За да обезбеди уште поширок дијапазон на стилови на возење, во опсег од комфортно до спртско возење, новата Panamera сега нуди нова подобрена воздушна суспензија, вртење на задната оска во насока на вртење на возилото, „4D Chassis Control“ – систем за менаџирање на подесувањата на шасијата, како и многу други системи за асистенција од областа на комфорот и безбедноста.
 
Во новата Panamera, Porsche исто така ни го претставува екранот ориентиран кон иднината и концептот на новиот тип на контроли. Новиот “Porsche Advanced” кокпит, со начин на користење кој наликува на smartphone и подесувачки LED екрани, импресионира со интуитивна функционалност. Понатака, новиот “Porsche Communication Management” (PCM 4.1) нуди целосно ново ниво на конекција и онлајн – сервиси. Во новата Panamera, “Porsche Connect” системот, ќе биде вграден во сите модели. Овој систем ги проширува фунциите на возилото, додавајќи дигитални сервисни апликации, како на пример некои од функциите на возилото да можат да се управуваат преку smartphone. 
 
 
За цените сеуште нема информации, но еигурни сме дека ќе бидат „посоленки“.
 

Porsche Panamera
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил