Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Ова е целосно новиот Citroen C3 со "Cactus" дизајн
 
Spodeli
29 June 2016, 14:29


Ова е целосно новиот Citroen C3 со "Cactus" дизајн Citroën C3 Ова е целосно новиот Citroen C3 со "Cactus" дизајн
Комфорен автомобил со многу персоналност и уникатен дизајн – Citroen вака го најавува својот нов натпреварувач во ниската класа, кој позајмува многу дизајнерски карактеристики од C4 Cactus...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ова е вториот модел на Citroen со овој “New Age” стајлинг, кој се содржи од ниско поставени предни фарови со LED дневни светла поврзани со централната маска, AirBump заштита отстрана и високо поставени светла во задниот дел. Ова е само дел од приказната – C3 има и многу можности за персонализација, па купувачите можат да изберат различна боја на покривот од таа на долниот дел на каросеријата – до 36 различни комбинации.



Новиот C3 ќе биде 3,99 метри долг и ќе се базира на надградената „Платформа А“, која е слична на DS3 и Cactus. И покрај тоа што димензиите нема да бидат зголемени, внатрешноста ќе понуди 2 cm повеќе простор за рамената и прилично голем багажник од 300 литри. Како и досега, C3 ќе се нуди само како изведба со пет врати. Citroen најавува и исклучително висока безбедност, благодарение на H решетката под предните седишта, која го амортизира ударот од напред.

Интересно, за разлика од многу конкуренти, Citroen C3 ќе биде специјално подесен со цел подобра удобност во возењето. Полесната каросерија ќе придонесе за подобрени возни својства во однос на актуелниот модел, но од Citroen велат дека C3 ќе биде пред се удобен, поточно најудобен модел во класата. Затоа, пружините ќе бидат помеки и амортизерите порелаксирани, со особено големо внимание посветено на удобноста на мали движења на каросеријата горе-долу – нешто што не е случај со скоро никој автомобил во класата.



Моторизацијата ќе биде застапена со три бензинци со три цилиндри и PureTech технологија – првите два без турбо со 68 и 82 КС и турбаш со 110 КС, кој ќе биде опремен и со Stop & Start технологија. Дизелите ќе бидат застапени со два 1,6 BlueHDi агрегати со 75, односно 100 КС, и двата со Stop & Start.Послабите мотори ќе бидат опремени со мануелен менувач со 5 степени, помоќните со 6 степени, додека достапен ќе биде и автоматски менувач со 6 брзини.

Кабината на новиот Citroen C3, покрај фанки дизајнот кој потсетува на оној од C4 Cactus, донесува и многу напредна технологија. На централната конзола сега е вграден голем дисплеј на допир, додека пред возачот има стандардни аналогни инструменти. Според дизајнерите, кабината е специјално дизајнирана за да предизвика убаво чувство кај патниците и според првите фотографии, целосно би се сложиле со тоа.



Интересно, Citroen C3 доаѓа и со камера вградена на предниот дел на возилото, која е поврзана со интернет и со клик на само едно копче, може да постирате слики од неа. Камерата може да се користи и за видео до 20 секунди, но само кога автомобилот е стационарен. C3 може да биде опционално опремен и со напреден 3D систем за навигација, предупредување за возило во мртва точка на ретровизорите, предупредување за замор на возачот и Citroen SOS сервис со помош во живо.

Продажбата на Citroen C3 би требал да почне подоцна годинава, со цени кои се надеваме дека ќе бидат многу слични како на актуелниот модел.


Citroën C3
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил