Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Некои работи се едноставно логични
 
Spodeli
28 October 2009, 13:59


Некои работи се едноставно логични BMW M3 Coupe Некои работи се едноставно логични
Koli.com.mk имаше ексклузивна можност да седне зад управувачот на еден од најомилените и технолошки најнапредните автомобили денес, BMW M3. Дозволете единствените импресии кои ги имаше редакцијата на koli.com.mk да ви ги пренесе и Вам во текстот што следува. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Утрината, на мало негодување од нас, небото беше облачно, малку расипувајќи ги нашите големи очекувања од тој прекрасен автомобил. Си рековме, штета, нема да ги почувствуваме можностите на супер спортскиот М3 до максимум. Но... 
 
По утринското кафе кое го испивме во новиот салон на BMW, задолжените од увозникот појдоа кон автомобилот за кого и дојдовме и го стартуваа моторот. Звукот кој се произведе ги залепи сите новинари за автомобилот – се зборуваше за зафатнината на моторот, за силата, за системите за стабилноста, за менувачот... Бидејќи тешко можевме да ги тргнеме очите и ушите од автомобилот, после некое време го забележавме сонцето како излегува од зад облаците. На наша голема радост природата се смилува и покрај тоа што знаеше дека ќе ја послужиме со 295 g/km CO2 колку што испушта скапоцениот V8 кој се вградува во М3.
 
Дизајн
Самата помисла дека се работи за популарниот BMW М3, како и да е дизајниран, му дава посебен изглед на автомобилот. Чистите линии, налутениот преден и елегантен заден дел прават една прекрасна целина – BMW 3 Coupe е едно од најубавите купиња на пазарот, но во М изведбата е нешто посебно и покрај тоа што измените се сведуваат на неколкуте спојлери, спуштената суспензија, 19” специјални М тркала, страничните бубрези за ладење на кочниците и секако неизбежното М лого во задниот дел на автомобилот.
 
Од каде и да се погледне, М3 зрачи со некоја посебна енергија не ретко влевајќи страв со својата појава, како да се работи за некоја дива мачка спремна да нападне во секој свој момент. Иако не изгледа екстравагантно како многуте други ултра спортски автомобили со слични перформанси (Audi R8, Aston Martin DB9, Porsche Carrera), M3 е икона за тоа како треба да личи еден вистински GT автомобил.
 
Технологија
По краткото запознавање со сета технологија употребена во М3, тргнавме во едно од највозбудливите возења кои сме ги имале до сега. BMW M3 дури и на хартија изгледа застрашувачки – 4,0 литарски V8 мотор со 420 КС кои се произведуваат при високи 8.300 врт/мин како во тркачки автомобил и висок вртежен момент од 400 Nm при 3.900 врт/мин. Шлаг на тортата беше и седум степениот автоматски менувач со две спојки. Работи во автоматски и мануелен мод – погодувате, го пробавме само вториот и тоа менувајќи брзини преку палките зад управувачот, како во F1.
 
Перформанси
Дури и првото тргнување со М3 е пеколно – за да за’ржат сите 420 КС моторот требаше да се сврти до 8.300 врт/мин, скоро до црвеното подрачје, но ние притискавме претпазливо на педалата за гас со намера што подобро да го запознаеме автомобилот пред да ги испробаме неговите крајни можности. Адреналинот се качи дури откако излеговме на автопат. Со вклучени контроли на стабилноста и тракцијата, не сакајќи да ризикуваме, решивме да притиснеме за да видиме што е тоа што ја прави оваа ѕверка толку посебна. Нормално, тргнавме со прва брзина и за едно трепнување на окото стрелката на брзиномерот веќе покажуваше 60 km/h. Ја стиснавме палката зад управувачот и инстантно менувачот префрли во втора брзина – 130 km/h! Да, 130 km/h, a имате на располагање уште 5 степени на пренос!
 
Забавата почна – пеколните забрзувања не ретко можат да предизвикаат болки во вратот, но лепењето за седиштето и феноменалниот звук од моторот тераат да се заборави на се. Стрелката на брзиномерот лесно стигнуваше и до 240 km/h (колку што веројатно чукаа и нашите срца во една минута во тој момент)
 
Возни својства
Задишани од страшните забрзувања, решивме да ги испробаме и кочниците – продупчените големи дискови напред и назад со големи клешти за нивно фаќање, овозможуваат превртување на внатрешните органи доколку педалата се притисне малку посилно. Кочењето го придружувавме и со намалување на степените на пренос, повторно преку палката зад управувачот. Резултатот беше забавување од 200-0 km/h за само неколку секунди! За да видиме пак дали се добри и кога се загреани, ја повторивме постапката и повторно го добивме истиот резултат!
 
Сепак, најинтересно беше кога стигнавме на кривулестите патишта. Ја наместивме суспензијата на најтврдиот мод и почнавме со испитување на Земјината гравитација. М3 е еден од најстабилните и најуправливите автомобили во светот. Гарантирано! Управувањето е прецизно како швајцарски часовник, со точно одреден “feedback” (враќање во почетната положба), а филигрански подесеното подвозје овозможува пеколни брзини во свиоците. Влегувавме со брзини како со никој автомобил до сега и сепак не успеавме да го изместиме од тежиштето.
 
Заклучок
Сите овие предности донесуваат еден заклучок. Со вадење на задните две седишта и поставување на ролбар, без никакви преправки во моторот, М3 слободно може да се натпреварува на некое GT првенство и да победи! И бројките се во корист на BMW M3. До стотка стигнува за неверојатни 4,7 секунди, кои нас ни се чинеа пократки, додека максималната брзина е ограничена на 250 km/h, електронски уред кој за среќа не го поседуваше тестираното возило. Потрошувачката изнесува 12,4 литри во просек, но во жестокото темпо кое ние го применивме, патниот компјутер кажуваше и длабоко преку 20 литри на 100 km!
 
На крај, импресионирани од возењето придружено со многу адреналин и многу отчукувања на срцето, дури и заборавивме да побараме некој недостаток кај овој автомобил. A, и нема логика да бараме. Можеби во некоја друга прилика
 
Дефинитивно, М3 е еден од најдобрите автомобили на денешницата. Сета таа технологија и германска прецизност надополнети со спортскиот мускулест V8 мотор не оставаат простор за никакви забелешки, туку само простор за уживање во една од најдобрите машини кои денес ги познава светот на автомобилизмот.
 
Сепак, не заборавајте, M3 на предната маска го носи логото на BMW! Некои работи се едноставно многу логични...

BMW M3 Coupe
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
o atanasov,vo gostivar vakvi m3 odamna nie gi vidime gi gledame ike gi gledame vo idnina ti garantiram,vo moe selo imame lamburdini maserati gran turizmo,a m3 kolku sakas,ane vo gostivar,dojdi vo 7-8 mesec i ke vidis dali imame vozen park podobar od site,ti se plasis da ne tija kradat tvojata 101
Напишан од piki  пред  околу 103 месеци
Odrzuvanjeto na Citroen C4 da ne e po eftino be stoki?!! Ova e kola. A i koli.com.mk sakam da gi prasam dali se isposraa u gaki koga sednaa, bidejki osven vo C3 i C4 nemaat sednato vo drug avtomobil. Dodusa mozebi e i kradena statijava so ogled deka osven Citroen nikoj ne im dava vozilo. Da ne recam ,,spachak,, kako sto e popularno vo posledno vreme na sajtov.(bidejki na majtap gi zedoa) :))))))))
Напишан од Zare  пред  околу 110 месеци
Koj vi e ovoj Ljupco be ziti se?
Напишан од Trajan  пред  околу 110 месеци
Abe Ljupco sto treses "zeleni" kogo interesira kolku cini odzuvanjeto na ovoj avtomobil... Toj sto vozi ovakov dzver mislis deka 500eur za servis mu znacat nesto vo zivotot??? ili vo vrska so krazbata, zarem mislis deka 1000 eur im e skapo da platat kasko? ne bidi smesen :-D KOLAVA E ZAKON (Ne ovoj nasiov se razbira :-)))))
Напишан од gorast  пред  околу 112 месеци
TOCNO SAMO SKAPO E ZA ODZUVANJE.ODI SO NEGO VO GOSTIVAR I KE VIDIS DALI KE GO NAJDES
Напишан од ATANASOV LJUPCO  пред  околу 114 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 3
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил