Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Suzuki Swift Sport е можеби најдобриот мал “hot-hach”
 
Spodeli
29 June 2016, 11:31


Suzuki Swift Sport е можеби најдобриот мал “hot-hach” Suzuki Swift Sport 2012 Suzuki Swift Sport е можеби најдобриот мал “hot-hach”
Занемарете ги неговите незначителни димензии како и ниските цени, бидејќи Suzuki Swift Sport е вистински hot hatch фаворит....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со својот rev-“гладен“ 1.6-литарски мотор и брз остар одзив, желната јапонска машина експлозивно граби и по серпентините на патиштата. Сепак, кога ќе сакате да забавите, префинетиот и великодушно опремен Suzuki  може да биде и слатко употреблив секојдневен возач. Единственото нешто што не ни се допаѓа е неговата потесна кабина, но чекајте, зарем тоа е важно во спортски ориентирано возило?
 
Благодарение на поцврстата суспензија од стандардниот модел, Suzuki Swift Sport нема големо вртење на каросеријата, а со остар управувач и забавно ракување, ги зацврстува своите неприкосновени ингеренции.
 
 
Моторот од 1,6 литри во Suzuki,  добива 134 KC, но поради малата тежина на автомобилот, се движи од 0-100 км/ч за 8,7 секунди. Можеби не е веднаш до брзината на многу други автомобили на „листата“, но благодарение на флексибилното ракување и пргавиот менувач со шест брзини, не може да се чувствува бавен воопшто - напротив, моторот со добар звук, го прави возењето Suzuki Swift Sport апсолутно експлозивно.
 
Како и многу други јапонски производители, сопствениците на Suzuki, според истражувањето од  Driver Power за задоволството на клиентите, ги оценуваат своите автомобили високо, па не треба да се грижите за тоа кога станува збор за долгорочна сопственост.
 
Плус, рејтингот за безбедност со пет-ѕвезди од Euro NCAP, им дава на сопствениците психолошка сигурност, особено кога станува збор за возење семејството.
 
 
Можеби ќе помислите дека возењето на Suzuki Swift Sport секој ден, не е толку лесно за паричникот, како кај некои ривали, но сепак, ќе видите дека моторот менаџира само 5,4 литри на 100 километри и емитува 147g / km CO2, што за оваа моќност на моторот е воодушевувачка.
 
Ако на сето ова се додаде ниската  цена на Swift Спорт - тој е брилијантен hot hatchback за не многу пари, па зарем можеме повеќе да бараме од него?
 

Suzuki Swift Sport 2012
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил