Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Нов SUV на Mercedes, со дизајн на Македонец!
 
Spodeli
28 June 2016, 20:02


Нов SUV на Mercedes, со дизајн на Македонец!  Нов SUV на Mercedes, со дизајн на Македонец!
Сензуален дизајн на купе, со чувство на SUV присуство. Ваков автомобил е навистина реткост, а човекот кој стои зад ова ремек дело е македонецот......
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Замислете си дека ве претекнува некој моќен автомобил на автопат Прво го гледате автомобилот однапред, па од страна, се додека не се изгуби во недоглед, кога веќе ги снемува и последните точки светлина од неговите штопови. Токму преку тој поглед ќе го претставиме и овој автомобил кој го заслужува тоа, ако не за друго, барем за изгледот, чиј голем дел е дизајниран од Македонецот Славче Таневски. 
 
 
Донстоинствено агресивната предна маска поткрепена со голема алуминиумска ѕвезда, преку блескавите LED - фарови, ја започнува совршената линија. По таа линија поминува секоја молекула на воздух и патува кон средината каде веќе е пресечена од острите странични линии кои завршуваат некаде при крај на задната врата. 
 
Следи затишје… - израмнет дел на задните „крила“, се со цел да се истакне линијата на кровот, која дава чувство дека автомобилот има аеродинамика доволна за да се мери со најспортските супер-автомобили. Задниот дел е грациозно издигнат, како да сака да покаже блага надменост, која секако ја оправдува со огромните на косо поставени ауспуси, по два од секоја страна.
 
 
Овој ѕвер ќе го придвижува V6 biturbo агрегат со 367 коњски сили кои до сите четири тркалат(4MATIC) ќе бидат пренесени преки 9-степен автоматски 9G-TRONIC менувач. Допирот со асфалтот ќе го оствари преку тркалата кои се состојат од алуминиумски бандажи од 21 инч.
 
 Фаровите и штоповите светат исклучиво во „LED нијанса“, а има протекција на подвозјето на предниот, како и на задниот дел од возилото.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил