Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Извини Тесла, ама најбрзиот електричен автомобил е направен во Хрватска!
 
Spodeli
24 June 2016, 11:23


Извини Тесла, ама најбрзиот електричен автомобил е направен во Хрватска!   Извини Тесла, ама најбрзиот електричен автомобил е направен во Хрватска!
Странските медиуми одушевени од изумот на Римац....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Хрватскиот производител Римац Автомобили тврди дека го има најбрзиот електричен авотмобил на светот. Името му е Concept One, но и покрај неговото име, овој автомобил не е веќе “концепт“, пишува Mashable во насловот “Извини тесла, ама најбрзиот електричен автомобил е направен во ... Хрватска! “
 
Concept One од почеток на наредниот месец ќе биде претставен на саемот за авотомобили во Женева. Изгледот му е како спој на Koenigsegg – шведскиот супер автомобил и Тесла, а така и вози.
 
Благодарејќи на 1088 КС кои ги напојува батериско пакување од 8450 ќелии, од 0-100 км/ч му треба само 2,6 секунди, а максималната брзина која може да ја достигне е вртоглави 355 км/ч.
 
Овој суперавтомобил не само што е брз по Теслините стандарди, овој автомобили е брз по било кои стандарди. Но, не е се во брзината. Concept One нуди комфорт и контрола, а возачот може да го прилагоди според расположението – смирено или диво.
 
За жал, Римац планира да произведе само осум вакви автомобили, па затоа веројатноста да го видите на улица е многу мала. Сепак, убаво е да се знае дека постојат луѓе кои ги предизвикуваат границите на електричните авомобили.
 
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил