Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Tesla понуди поефтин Model S
 
Spodeli
10 June 2016, 15:12


Tesla понуди поефтин Model S  Tesla понуди поефтин Model S
Новиот модел има пониска цена, но со тоа губи и дел од „автономијата“...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Додека се чека на Model 3, Elon Musk, сопственик и основач на Tesla Motors, на пазарот лансираше Model S, но со пониска цена. Станува збор за Model S 60 со капацитет на батериите од 60 kWh и досег на возилото со полна батерија до 336 километри. Почетната цена му е 67.200 долари, што е значително помалку од стандардниот Model S, кој чини 90.700 долари.
 
Купувачите можат да доплатат 5000 долари и ќе добијат Model S 60 D со погон на сите четири тркала и автономија до 350 километри. Стандардниот Модел S 60 развива 315 КС, а до стотка му треба 5,5 секунди, додека Model S 60 D, 328 КС и спринта до 100 км/ч за 5,2 секунди.
 
Кај двете изведби може да се покачи капацитетот на батеријата на 75 kWh, што ја покачува цената за 9.000 долари. Секако, расте и автономијата , кај Model S 60 на 398 километри а кај Model S 60 D на 414 километри.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил