Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > Промашување на автоиндустријата: - Nissan Tiida 1.5 dCi
 
Spodeli
09 June 2016, 12:19


Промашување на автоиндустријата: - Nissan Tiida 1.5 dCi Nissan Tiida Промашување на автоиндустријата: - Nissan Tiida 1.5 dCi
Nissan Tiida претставува школски пример за лош потег на реномиран авто-производител....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ако деосега не сте чуле за Tiida, не грижете се. За разлика од мене, вие сте од оние 98% нормални луѓе. Ако пак не ви е прв пат да се сретнете со ова возило, тогаш знаете дека спаѓа во C-сегментот, најзастапениот и со самото тоа, најважниот сегмент во Европа. Во истиот тој сегмент прво Datsun, а потота Nissan Sunny се снаоѓаа долги години, се додека не ги замени одличната Nissan Almera.
 
Almera, во првата продажна година достигна бројка од 350.000 возила, додека веднаш во втората се продадоа 500.000 возила. За жал од Nissan одлучија да ја „згаснат“ Almera како модел, а на тоа место да дојде несреќната Tiida. Зашто несреќна? - се продава веќе 5 годими, а нејзината продажба брои не повеќе од околу 29.000 возила. Што е до мене и 29.000 е многу за ова комплетно промашено возило. Па, ајде ова фијаско да го раскажеме чекор по чекор:
 
 
 
Контекст
 
Nissan, со своето предвидување дека во светот во иднина ќе има се поголема побарувачка на SUV - модели, а својата кауза ја оправда со одличниот Qashqai. Но, зашто при толкава поберувачка од фамилијарни возила во Eвропа, целосно го згаснаа производството на моделите Almera i Primera? На тоа прашање најверојатно ни од Nissan не го знаат одговорот. Кога веќе закасни со производство на возило од C-сегмент неколку години, Nissan излезе со идејата за Tiida… - и премногу избрза. Моделот Tiida, од концепт на хартија, па се до продажба стигна многу брзо, а недоволното време резултираше тој да не може да опстане во борбата со конкурентите како што се Ford Focus, Peugeot 307, па дури и Renault Megane, на чија основа Tiida e заснована.
 
Дизајн
 
Зборот „дизајн“ потекнува од италијанскиот збор „disegno“, што значи цртеж. Ако добро размислиме, Tiida всушност и изгледа како да потекнува од некој цртеж… - цртеж на ученик во второ одделение, кој во темница пробал да нацрта Peugeot 307.
 
 
 
Безбедност
 
За овој автомобил да ви биде уште попривлечен, од Nissan одлучиле да не го достават на EuroNCAP тестирање, а со самото тоа си одвлекуваат потенцијални купувачи, ускратувајќи им ја информацијата за тоа колку е Tiida всушност безбедна.
 
Мотори
 
Иако во понудата стојат два одлични бензинци од репертоарот на Nissan, европјаните традиционално повеќе ги интересира дизел-верзија. За жал, во прашање е 1.5 dCi агрегатот на Renault кој на скала од „бљак“ до „екстра“ е некаде околу „О Господе, зашто?“. Со оглед на тоа како 1.9 dCi се покажа во претходните модели на јапонскиот производител, луѓето масовно ги избегнуваат овие мотори. 
 
Заклучок
 
Можеби Tiida, освен причина за харикири на главниот менаџер на Nissan, претставува симболичен крај на нивната продажба на автомобили од C-сегментот во Европа. Но, наскоро се раѓа надеж дека овој бренд, кој инаку премногу го почитувам, со новиот Pulsar ќе ја трасира патеката за некои со надеж идни модели како на пример - враќање на моделот Almera, или пак Sunny.
 

Nissan Tiida
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил