Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Официјално: - ова е новото Audi A5
 
Spodeli
03 June 2016, 16:40


Официјално: - ова е новото Audi A5  Официјално: - ова е новото Audi A5
Во 2007, Audi направи револуција во својата средна класа купеа, со моделот А5. Девет години подоцна, светот на автомобилизмот се запозна со комлетно новата А5....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Автомобилскиот производител од Инглоштад, создаде уметничко дело кое привлече ултра-позитивни реакции од фановите ширум светот. Девет години подоцна, Audi ја претстави втората генерација - со нов, поагресивен лик и висока технологија “во сржта” на возилото.
 
Новата генерација на А5 Coupe е атлетска, спортска, а воедно елегантна. Дизајнот на новото купе е оформен и со цел да се постигне пософистицирана аеродинамика. Под “изгледот”, А5 импресионира со целосно нова шасија и инвентивни системи за асистенција на возачот. 
 
 
Старата А5-ка беше уметничко дело, па како успеаа додатно да ја разубават? Ова прашање ги мачеше дизајнерите на Audi веќе со години. Новиот дизајн е свеж, модерен и агресивен, а спортските црти проследени со елеганција, прават да веруваме дека во гените ја носи истата ДНК од својот претходник.
 
 
Мотори
 
Во Германија новата А5 ќе биде пуштена во продажба со пет мотори: два TFSI и три TDI агрегати. Силата на моторите ќе се движи од 140 kW (190 КС) до 210 kW (286 КС), а споредбено со претходникот, новиот модел нуди до 17% повеќе моќност, а воедно троши 22% помалку гориво.
 
Спортската изведба S5 ќе биде придвижувана од 3.0 литарскиот, 6-цилиндричен TFSI мотор кој ќе произведува 260 kW (354 КС), што е за 15 kW (21 КС) повеќе од претходната.
 
 
Погон/трансмисија
 
Новата Аudi А5 доаѓа со различни трансмисии, посебно скроени за секој мотор. Мануелниот 6-степен менувач и 7-степениот S-tronic се вградуваат во 4-цилиндарските верзии како и во 3-литарскиот TDI мотор(218 КС) со преден погон или погон на сите тркала. 
 
8-степениот Tiptronic е резервиран за најмоќната дизел верзија(286 КС), како и за S5 верзијата.
 
 
Шасија
 
Новата шасија, според Audi, е меѓу најсилните страни на новиот модел. Задржан е оптималниот комфор, но со подобрена агилност. Audi исто така ќе нуди опција за адаптибилна суспенсија. Оваа опција е интегрирана во Dynamic handling системот, познат како Audi drive select, кој му овозможува на возачот да ги адаптира основните карактеристики во повеќе чекори.
 
 
Каросерија
 
Со 60 килограми помалку од својот претходник и коефициент на отпор на воздухот од 0.25, новата A5 може да се пофали со значително намалена потрошувачка и со лидерство во класата од аспект на аеродинамиката.
 
 

Ентериер
 
Типично за Audi, квалитетот на ентериерот е некомпромитирачки висок. За зголемување на просторноста, најзаслужни се зголемените димензии и продолженото меѓуосовинско растојание. Високиот квалитет се забележува на секој детал во внатрешноста, а варијабилноста на боите и материјалите е многу голема. За пример, опционалните амбиентални светла се достапни во 30 различни нијанси.
 
 
Багажниот простор изнесува 465 литри, што е за 10 литри поголем од претходниот модел.
 
 
Екран и контроли
 
Аudi A5 за прв пат е достапен со опционален “Audi virtual cockpit”, 12,3-инчен TFT екран со резолуција од 1,440 x 540 пиксели, како и 8,3-инчен екран на централната конзола. Екраните се чуствителни на допир, со што MMI навигацијата може да се зумира по потреба. Софтверот на MMI навигацијата е многу сличен со оној кај модерните Smart - мобилни телефони. Исто така, достапен е рафиниран Voice control, кој прифаќа поприродни звучни команди, во кој корисниците ќе можат да ја вметнат својата SIM картичка.
 
 
Системи за асистенција на возачот
 
Новото купе на Audi располага со неколку видови на системи кои му ја олеснуваат “работата” на возачот и ја зголемуваат безбедноста. Интересен е системот за предвидлива потрошувачка кој му помага на возачот да заштеди гориво. Audi active lane системот, пак, помага во одржувањето на возилото во лентата на движење, Stop&Go системот му овозможува олеснување на возачот при големи гужви на патот. Од безбедносните системи, новата А5 може да се пофали со park assist, cross traffic assist rear, exit warning, collision avoidance assist и turn assist, како и Audi pre sense системот.
 
S5
 
Спортската верзија на Audi, освен што е поагресивна на лик, е збогатена и со “поагресивни бројки”. Од 0 до 100 км/ч забрзува за само 4,7 секунди, а новиот V6 мотор со турбина произведува 260kW (354 КС). Фактот дека оваа “ламја” во просек троши само 7,3 литри на 100 километри е за поздравување.
 
 
Ентериерот во S5, ќе биде поспортски настроен со што купето од секој аспект ќе изгледа најспортски што може, задржувајќи ја префинетата елеганција.
 

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил