Иако сите го обожуваат култот на старата E31 Series 8 и сакаат да остане во легендите, автомобилскиот производител од Баварија сепак одлучи да го оживее името. BMW веќе има возило во GT - сегментот: - Серија 6, па најверојатно тој автомобил ќе биде и базата за новата “осмица”.
Кога ќе пристигне Серијата 8, се очекува изборот на моторите да биде меќу 6-цилиндричен турбо мотор и 8-цилиндричен атмосферски агрегат со V-поставеност на цилиндрите. Верзијата M860, најверојатно ќе го употреби 6,6-литарскиот V12 мотор од M760Li, додека за верзијата со налепница M8 може само да погодуваме.
Логична претпоставка би биле моторите кои се вградени во М5 и М6 моделите, а тоа се 4,4-литарските twin-turbo V8 агрегати. Но, никогаш не се знае. Ако BMW се држи до традицијата не е исклучено да употреби надоградена верзија на 6,6-литарскиот V12, сличен на оној во легендарниот 850 CSi модел, кој беше M-возило во секој поглед освен во името.
|