Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Перфекција
 
Spodeli
28 October 2009, 13:54


Перфекција Mercedes-Benz E-Class Coupe 2009 Перфекција
На промоцијата на безбедносните системи на Mercedes, која ја организираше увозникот на автомобилите на сребрената ѕвезда, МакАутоСтар, редакцијата на koli.com.mk имаше можност да седне зад воланот на новото E500 Coupe, со мускулест V8 мотор со зафатнина од 5,5 литри и 388 КС....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Нова номенклатура, нов помашки дизајн
 
Новото купе на Mercedes е наследник на моделот CLK. Покрај новото име, ова купе има и нов пристап кон таквиот тип на возила – многу е поелегантно, со скриена агресивност и неколку решенија кои го раздвојуваат од толпата. Дизајнот го карактеризираат поостри линии, кои придонесуваат за една доза на агресивност, придружена со префинетост во линиите, посебно во задниот дел. Целосно, E Coupe остава впечаток на прав машки автомобил.
 
И во внатрешноста е забележлива примената на поостри линии, во споредба со старата Е класа, чиј ентериер беше со меки и флуидни линии. Овде, предната табла повеќе изгледа како да ја нацртал некој техничар со HB молив – прецизно, но и малку ладно. Mатеријалите се на највисоко ниво, впрочем како и што прилега на автомобил од оваа класа.
 
И токму во внатрешноста има еден детаЛ кој го разделува ова купе од другите конкуренти –задните прозори можат да се отворат, на копче, како и во сите други лимузини, што ја намалува клаустрофобијата која се јавува кај сите купеа. На ова се надоврзува и сончевиот покрив, преку кој влегува доволно светлина во кабината. Простор, како што му прилега на едно купе, има на претек на предните седишта, додека назад, мал е просторот за главата, болка која во помала или поголема мера ја имаат сите купеа.
 
Што има под хаубата?
 
Новото E Coupe се нуди со неколку софистицирани дизелски и бензински мотори со четири, шест или осум цилиндари. Силата на моторите се движи од 204 со 388 КС. Koli.com.mk го проба токму најсилниот, V8 со 388 КС, со кој автомобилот забрзува до 100 km/h за 5,2 секунди и се до максималните, ограничени 250 km/h.
Но, бројките не можат најдобро да ја раскажат приказната.
 
Мускулестиот V8 се одразува со длабок, баритонски звук, нештокако грмотевици да се испуштаат со секое притискање на педалата за гас. Сепак, звукот не е воопшто гласен – доаѓа како од позадина и воопшто не смета при подолги патувања.
 
Перформанси и возни својства
 
Перформансите се пеколни – благодарејќи на моментот од 530 Nm, моторот повлекува уште од ниски вртежи и не застанува до околу 6.000 врт/мин, овозможувајќи одлични забрзувања. На ова се надоврзува и 7G-Tronic, автоматскиот менувач со седум брзини, кој брзините ги менува скоро инстантно, притоа не пренесувајќи потреси во кабината, а се прилагодува и на стилот на возачот, па одвреме навреме го менува темпераментот на менување на брзините! За F1 расположените возачи, секако тука се и палките зад воланот.
 
Возните својства одговараат на карактерот на моторот – E Coupe е супер стабилен автомобил, но не се однесува како спортско купе. Едноставно, платформата превземена од C класата, е задолжена што поудобно и без многу напор да ги пренесе патниците до саканата дестинација. Секако, овозможена е забава, пред се поради погонот на задните тркала, но тркачите имаат да изберат други модели на пазарот. Штета, Mercedes најави дека нема да има E63 AMG изведба на автомобилот, па изборот би требал да падне на некоја друга марка.
 
Нова технологија?
 
Да, и тоа многу. Тука секако би го споменале Pre Safe системот, кој одржува безбедно растојание од автомобилот напред. Го пробавме на дело и можеме да кажеме дека работи брилијантно – треба само да се избере посакуваната брзина и да се врти воланот – кочењето го врши самиот автомобил и тоа многу меко, дури и незабележително. За споменување се и сензорите кои ги следат очите на возачот и кои испуштаат звучен сигнал доколку погледот е надвор од патот или пак ако возачот задреме. Има и многу други интересни системи, најдобро во однос на безбедноста. Подетални за нив ќе пишуваме дополнително, во специјално подготвените прилози за новите технологии на Mercedes.
 
Како стои со конкуренцијата?
 
Иако во името му стои буквата Е, овој автомобил е базиран на платформата на C класата, заради тоа што е полесен и поагилен. Главни конкуренти му се BMW 3 Coupe и Audi A5 - и двата поспортски и позабавни за возење, но суштината е дека Mercedes E Coupe не се ни обидува да биде како нив. Бидејќи имавме можност да возиме и BMW M3, со 420 КС, оценка е дека Баварецот е многу побрутален и поспортски, наменет токму за помладите возачи, за тие кои сакаат повеќе забава и победи на сите одмерувања на семафорите. 
 
Mercedes E Coupe е смирен и удобен, со високо ниво на префинетост. Mercedes е изборот на џентлмените...

Mercedes-Benz E-Class Coupe 2009
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
Viktor majkati ne ja biva a germancite gi biva ok ili???? gluperdo edna
Напишан од lirim Cair  пред  околу 106 месеци
so be ne gi biva??? tebe ne te biva be ova ti se vika auto...
Напишан од zxxxxxxxxxxxxxxxxxx  пред  околу 114 месеци
Глупи шваби ич не ги бидува:)))
Напишан од Виктор  пред  околу 117 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил