Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Еволуција наместо револуција, добра формула за продолжување на успехот
 
Spodeli
01 June 2016, 12:11


Еволуција наместо револуција, добра формула за продолжување на успехот  Еволуција наместо револуција, добра формула за продолжување на успехот
Новата Zafira може да се пофали со атрактивна нова надворешност и дизајнерски подобрена внатрешност, чија главна цел е пространост и извонредна дигитална поврзаност....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Opel Zafira, моноволуменската изведба на Astre G, како одговор на Renault Megane Scenic (прв компактен моноволумен 1997 година), во концептна изведба е претставена во 1997 година на автосаемот во Франкфурт, а на пазарот пристигна во 1998 година. Во продажните салони стигна дури во 1999 година. Беше интересна како прво возило со цедум седишта во три реда. Можеби не сте знаеле, но во развојот помагаше Porsche. Opel од тогаш има продадено 2,7 милиони вакви возила, во главно побарувана за фамилијарно или службено возило.
 
 
Новата Zafira може да се пофали со атрактивна нова надворешност и дизајнерски подобрена внатрешност, чија главна цел е пространост и извонредна дигитална поврзаност. Новата генерација на IntelliLink инфо-забавниот систем на Opel, со Apple CarPlay и Android Auto функции, заедно со Opel OnStar (вклучувајќи 4G/LTE Wi-Fi интернет сигнал таму каде што е достапен), јасно покажуваат дека Zafira го нуди оптимумот кога е во прашање дигиталната поврзаност. Покрај ова, Opel ќе воведе и комплетно адаптибилни предни LED светла.
 
 
Во основната конфигурација, багажниот простор изнесува 710 литри, а со преклопување на задните седишта, багажниот простор достигнува и до 1860 литри. Најважниот мотор во понудата ќе биде дизел, 1.6 CDTI со 110 и 136 КС, односно Bi-Turbo со 160 КС. Новост е бензинскиот, 3-цилиндричен 1.0 Turbo моторот со 115 КС.
 
Првите примероци се очекуваат до крајот на годинава, а и покрај богатата опрема и штедливите мотори цената на претстојната Zafira ќе биде незначително повисока од онаа на сегашниот последен модел. Основниот дизел модел 1.6 CDTI се очекува да се продава по цена од околу  24.500 евра. 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил