Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Конечно пристигна новото Audi A5!
 
Spodeli
31 May 2016, 15:54


Конечно пристигна новото Audi A5!  Конечно пристигна новото Audi A5!
Новото Аudi A5 2017 coupé ќе биде претставено оваа недела со специјална церемонија во Инглоштад, а продажбата започнува следната година....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

А5 е веќе едно од најстарите модели во продажната линија на Audi, претставен уште во 2007 година. Новиот модел ќе има проширено меѓуосовинско растојание, додавајќи повеќе простор во кабината, во класа каде што практичноста е секогаш добредојдена.
 
 
Суспензијата која е подесена по пример на новата А4, како и намалената маса за 100кг, би требало да ја окарактеризира новата А5 како поагилна од својот претходник. Автомобилот сеуште ќе биде повеќе стилски-фокусиран за разлика од управувачки ориентираната BMW Серија 4.  
 
Под хаубата, А5 ќе ги има истите турбо-мотори како и новата А4, како и 1.6 и 2.0 - литарски дизели, додека топ-моделите ќе бидат придвижувани од V6 бензински и дизел мотори. Исто така се очекува и хибридна изведба која ќе ги користи истите 1.4 TFSI и електричен мотор како А3 Sportback e-tron.
 
 
Audi планира и RS5 изведба, како директен ривал на Mercedes-AMG C63 и BMW M4. Како и кај новата RS4, сегашниот V8 атмосферски мотор кој произведува 444 КС ќе биде сменет со V6 турбо-мотор чија сила ќе брои 500 “коња”. Новиот спортска верзија ќе биде во прдажба кратко време по излегувањето на основните модели. 
 
Од Audi, понатака планираат и “лансирање” на кабриолет и “sportback” верзии.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил