Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Тјунинг > G-Power BMW M6 испорачува 1001 КС!
 
Spodeli
30 May 2016, 18:58


G-Power BMW M6 испорачува 1001 КС!  G-Power BMW M6 испорачува 1001 КС!
На веќе страшниот 5.0 V10 силата му е дуплирана, а до 200 км/ч стига за 9 секунди!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Првата генерација на BMW M6 (E63) се појави на пазарот во 2005 година, а ќе остане запамтена по 5-литарскиот V10 мотор, кој се здоби со титулата најдобар мотор на светот. Со 507 КС и 520 Nm вртежен момент, сериската изведба до “стотка” забрзува за 4,6 секунди, а максималната брзина и е ограничена на 250 километри на час.

Tuner G-Power, кој е познат по вградување на механички компресори, по истиот принцип работел и на случајот “М6”. По вградување на два компресора, моќноста на моторот пораснала на неверојатни 1001 КС при 8000 вртежи во минута и 900 Nm при 6000 вртежи во минута. 
Забрзувањето до 100 км/ч изнесува 3,9 секунди, до 200 км/ч стига за само 9 секунди, додека до 300 км/ч забрзува за 21,5 секунди. Максималната брзина ја надминува бројката од 370 км/ч.
 
 
Агресивниот “bodykit” ќе предизвика два вида на реакции, со нагласок на негативните, земајќи во обзир дека основната дизајнерска линија е тотално нарушена. Стабилноста е унапредена со надоградба на каросеријата, како и на суспензијата која има можност за подесување на висината и цврстината на возењето. Додадени се и нови карбон - керамички кочници со дијаметар од 400mm.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тјунинг



 
 
 
 






Одберете нов автомобил