Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Пристигна новото Suzuki Baleno
 
Spodeli
26 May 2016, 16:45


Пристигна новото Suzuki Baleno   Пристигна новото Suzuki Baleno
Компактен и динамичен, а воедно штедлив. Со динамичен изглед инспириран од флуидни форми, Baleno може да се претстави како пософистицираниот помлад брат на Swift. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Пристигна новото возило во ергелата на јапонскиот производител Suzuki. Дизајнот на предниот дел е инспириран од активното движење на течностите со што веднаш асоцира на неговиот динамичен карактер, додека одзади ни дава чуство на префинетост и елеганција.
 
 
Кога сме веќе кај префинетост и елеганција, може да се каже дека внатрешноста ја карактеризираат токму тие атрибути. Инструмент таблата е софистицирана, но воедно и лесна за користење, додека дизајнерите на Baleno овозможиле целата внатрешност и покрај модерниот изглед да биде најпространа во класата. Багажниот простор на возилото е исто така волуменски најголем во класата(355 литри), а по потреба за уште поголем простор задните седишта можат да се спуштат и соберат во само еден потег.
 
 
Цените варираат од 11.490 па се до 16.900 евра(најпрестижниот модел со GLX ниво на опременост и мотор со 112КС).
Повеќе за цените на http://www.mirkat.mk/html/htmli-drugi/ceni.html
 
Baleno располага со три основни мотори,- два бензински и еден хибриден агрегат.
 
1.0 Boosterjet 
Новиот Boosterjet бензинец со зафатнина од 1.0 литри е целосно нов агрегат со директно впрскување и турбо полнач, кој постигнува исклучително ниска потрошувачка и одлични перформанси, што е постигнато благодарение на малата зафатнина и турбо полначот со висок вртежен момент.
Со контрола на излезниот вентил, кој се затвора за да се постигне побрз проток на издувните гасови и со тоа поголема брзина на турбо полначот, агрегатот постигнува високи перформанси при пониски вртежи, а со отворањето на вентилот се постигнува намалување на загубата на притисок при високи брзини на моторот. Резултатот е ниска потрошувачка и високи перформанси во секој режим на работа.
1.0 Boosterjet агрегатот во Baleno постигнува сила од 112 КС и вртежен момент од 170 Nm, а ќе биде достапен со 5-степен мануелен менувач и новоразвиен 6-степен автоматски менувач.
1.2 Dualjet
Baleno е достапен и со нов 1.2 Dualjet бензински агрегат, кој го карактеризира исклучителна термичка ефикасност и кој овозможува одличен баланс помеѓу перформансите и ниската потрошувачка. Агрегатот е опремен со две прскалки по цилиндар, кои овозможуваат максимална сила од 90 КС.
 
Хибриден SVHS систем
 
Baleno e достапен и со хибриден погон, со таканаречениот "Благ хибрид", кој преку интегрираниот стартер генератор му помага на бензинскиот мотор во тргнување, односно ја "генерира" силата при сопирање и притоа ја полни вградената литиум – јонска батерија. Со овој погон, Baleno постигнува исклучително ниска емисија на штетни гасови од само 93 g/km CO2.
SVHS погонот има четири различни модови на работа:
 
Engine autostop - При застанување со автомобилот, бензинскиот мотор автоматски се гаси и сите системи во автомобилот се ставаат во погон преку вградената батерија, заштедувајќи гориво.
 
Re-start - ISG генераторот тивко и брзо го стартува моторот само со притискање на педалата за спојката.
 
Take-off / Acceleration - При забрзување, ISG генераторот му асистира на бензинскиот мотор, намалувајќи ја потрошувачката на гориво.
 
Deceleration - При намалување на брзината, ISG ја користи кинетичката енергија за да ги наполни вградените батерии.
 
 
Суспензија
Суспезијата е прилагодена на европските патишта, а динамиката во возењето што го карактеризира Suzuki како бренд не е изгубена, напротив подобрена е сигурноста со обрнување на внимание на задоволство во возењето.
 
Нова платформа
Новата платформа има намалена тежина од онаа на претходниот модел за 15%. Цврстината е значително зголемена (10%) преку комплетно редизајнирање на шасијата и новите форми што ја сочинуваат, со што возилото може да се пофали со подобрена безбедност и потврдо потпирање во свиоците.
 
Новото Baleno се карактеризира и со два напредни безбедносни и практични системи.
 
RBS (Radar Brake Support) системот на Suzuki е систем кој преку радар поставен на предниот дел на возилото што цело време ја мери брзината и оддалеченоста на возилото напред. RBS работи при брзини од 5 до 180 km/h и може да забележи возило и до 100 метри оддалеченост. При опасност од судир системот го предупредува возачот со звучни сигнали, а доколку возачот сеуште не реагира, системот преку серво уредот може и целосно да го запре возилото. Возачот може да избере кога системот ќе се активира меѓу две опции: “FAR” односно далеку и “NEAR” односно близу. 
 
Adaptive Cruise Control е темпомат кој работи преку истиот систем и радар, а се базира на балансирање на брзината според брзината на возилото што е пред вас. Возачот може да избере меѓу три различни подесувања за оддалеченоста од возилото напред: “Medium” или средна, “Long” или долга и “Short или кратка.
 
Безбедноста на Baleno е на завидно ниво. Возилото е опремено со нова таканаречена “ТЕСТ” каросерија која ја апсорбира и ја распределува енергијата при судар со што го намалува стресот во кабината. Автомобилот е опремен со предни и странични воздушни перничиња, а кај подобро опремените модели се добиваат и воздушни завеси по целата должина на кабината.

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил