Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Volvo лансираше безбедни, удобни и комфорни детски седишта
 
Spodeli
16 May 2016, 11:33


Volvo лансираше безбедни, удобни и комфорни детски седишта  Volvo лансираше безбедни, удобни и комфорни детски седишта
Безбедноста на сите патници во автомобилите на Volvo Cars е врвен приоритет на компанијата. Затоа, компанијата на пазарот лансира три нови детски седишта, со фокус на безбедноста, удобноста, комфорот и дизајнот....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Volvo Cars е првиот производител на автомобили кој активно ги тестира детските седишта преку тестови за симулација на сообраќајни несреќи уште во почетокот на 60-тите години од минатиот век.

 
„Разбираме дека многу луѓе се загрижени за безбедноста на децата во автомобилот. Тоа е комплексна тема. Со години сме фокусирани да продуцираме јасни упатства за начинот на употреба на детските седишта, односно како да се користат и како правилно да се инсталираат“, вели Лота Јакобсон, помошник асистент и технички лидер за заштита од повреди во Volvo Cars Центарот за безбедност.
 
Сепак, според Јакобсон, учењето на родителите како да го инсталираат и како да ракуваат со детското седиште е една работа, додека задржувањето на детето во седиштето е сосема друга работа, посебно кога детето ќе потпорасне.
 
 
“Нашиот фокус е да се осигураме дека децата патуваат на најбезбедниот можен начин, во зависност од нивната возраст и висина. Ова значи дека деца од 3-4 години потребно е да седат позади, а потоа потребно е детското седиште да има засилувачко перниче со висина до 140 сантиметри. Безбедносните придобивки се несомнени, но сепак, многу родители дозволуваат децата да седат напред премногу рано. Една од причините зошто седат напред е удобноста, бидејќи децата се жалат дека немаат доволно простор за нозете или дека премногу е топло во седиштето”, вели Јакобсон.
 
Новите модели на детски седишта се направени од многу поудобен материјал, составени од 80% волна, со што седиштето е нежно на допир и високо удобно и во зима и во лето.  Овие седишта, исто така, имаат потенок дизајн за да се зголеми просторот за нозете, како и за подобрување на целокупната удобност. 
 
“Веруваме дека децата ќе се чувствуваат многу поудобно во овие ново дизајнирани задни седишта и дека ова ќе ги охрабри родителите да ги задржат своите деца на задно седиште подолг временски период. Ова ќе има директно влијание на целокупната детска безбедност и би ја подржало нашата Визија 2020, каде никој нема да биде загинат или сериозно повреден во Волво автомобилите до 2020 година”, додава Јакобсон. 
 
 
Новите седишта се дизајнирани да им излезат во пресрет на децата од различна возраст и висина:
 
- задно седиште (до 13 килограми или 1 година) 
- задно седиште за деца од 9 месеци до 6 години (барем 3-4 години препорачано од Волво)
- седиште напред за деца кои го пораснале задното седиште (од 3-10 години стари) 
 
Volvo Cars продолжува да се фокусира на важноста децата да патуваат на задно седиште колку што е можно подолго. Новите седишта создадени од еден од светските лидери за изработка на детски седишта Britax-Römer и тестирани во Волво центарот за безбедност во Готенберг, Шведска, ќе бидат достапни од почеток на следниот месец. 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил