Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Volvo XC90 T8 Twin Engine
 
Spodeli
12 May 2016, 16:25


Volvo XC90 T8 Twin Engine Volvo XC90  Volvo XC90 T8 Twin Engine
Хибрид со 408 коњски сили, кој троши само 2,1 литри гориво...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Долго најавуваниот хибрид од втората генерација на Volvo XC90 пристигна во продажба во Германија по цена од 71.000 евра.
 
 
Позади ознаката T8 Twin Engine се крие комбинација од дволитарски 4-цилиндарски бензински мотор, опремен со турбополнач и механички компресор, како и електромотор.
 
 
Со бензинските 320 коњски сили и 400 Nm вртежниот мотор, како и електричните 65 kW и 200 Nm вртежен момент се нуди вистинска спортска агилност, па до 100 километри на час забрзува за 5,6 секунди, додека максималната брзина изнесува 230 километри на час, емитирајќи само 49 грама CO2 на еден километар. Перформансите го нагласуваат 4х4 погон, како и одличниот 8-степенски автоматски менувач, а до неверојатната штедливост чувствително допринесува и отпорот на воздухот, кој изнесува неверојатни 0,28.
 
 
Батерискиот капацитет од 9,2 kWh овозможува автономија само на струја од околу 40 километри, а внатрешноста нуди комфор за седум патници. Револуционерниот напредок под капата на кинескиот сопственик дополнително доби на значење.
 

Volvo XC90
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил