Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Забава за цела петорка
 
Spodeli
28 October 2009, 13:50


Забава за цела петорка Mitsubishi Colt Забава за цела петорка
Некако несвесно, уште кога го тестиравме, Mitsubishi Colt го поврзавме со кошарка. Насловот гласеше трипл – дабл, што значеше дека ова е автомобил кој во сите важни аспекти за возило од оваа класа, добива позитивни критики....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Mitsubishi Colt сега е спонзорско возило на нашата кошаркарска репрезентација, која се пласираше на Европското првенство. Затоа, наместо класичното тест возење, сега ќе се обидеме да откриеме дали овој сестран Јапонец, е добар за една кошаркарска петорка.
 
 
 
Има ли простор?
 
Прво што текнува кога ги спомнуваме кошаркарите е просторот. Еве вака – Врбица Стефанов зад управувачот, Перо Антиќ до него, Предраг Самарџиски зад него, по средината Ристе Стефанов и Тодор Гечевски по десната страна. И на крај никој не се буни. Можеби задната тројка малку повеќе се допира со рамената, но тоа само повеќе ќе ги загрее пред натпреварот! Сите се изненадени од комфорот, бидејќи Colt брои само 394 cm во должина, што е помалку од скоро сите модели од класата!
 
Навистина, најмалиот Mitsubshi, во изведбата со пет врати, е извонредно простран автомобил. Простор има за колената, а посебно за главата, па отсуствува чувството на клаустрофобичност, кое го има кај повеќето од конкурентите.
 
А ќе имаат ли каде да ги стават ранците?
 
Иако не е рекордно голем, багажникот на Colt лесно ќе ги прими ранците на целата петорка, а во внатрешноста има и неколку отвори за пијалаци, на што особено ќе се израдуваат кошаркарите, кои мораат често да се освежуваат.
 
Ќе задоцнат ли на тренинг?
 
Со 950 kg тежина и здрави 95 КС под хаубата, Colt изненадува со инстантните забрзувања. Поради малку пократкиот пренос, во град, Јапонецот лесно потегнува, дури и со повеќе луѓе во внатрешноста. Иако има зафатнина од само 1,3 литри, малиот бензинец изненадува и со својата еластичност, па нема потреба од често враќање во пониски степени на пренос.
 
Одлична е и стабилноста и динамиката во возењето, осоебно во градски услови. Поради ниската маса, Colt одлично кочи и стабилно минува низ кривините, а ако возачот претера, на помош доаѓаат и системите за активна безбедност. За секој случај, нели?
 
Со својата агилност и одлична возна динамика, Colt дури и ќе ги загрее кошаркарите. Мало забрзување на чукањето на срцето, одлично ќе им дојде на спортистите пред тренинг. Нормално, ако Врбица е расположен за побрзо возење.
 
Добро, а ќе им биде ли удобно?
 
Спомнавме и во тестот, Colt вози удобно и без многу потреси во внатрешноста. Ова е посебно важно за кошаркарите, кои треба максимално спремни да допатуваат на натпреварот. Јапонецот добро ги впива честите дупки на нашите патишта, а најмногу изненадува удобноста на подолги патувања, кога малите нерамнини не предизвикуваат непријатни вибрации во внатрешноста. И моторите се тивки, а единствено ветерот се слуша малку повеќе при повисоки брзини. Но, тоа не е ништо во споредба со нашите навивачи, на кои веќе имаат навикнато кошаркарите.
 
Друго нешто што би им користело?
 
Кај Mitsubishi, Bluetooth телефонскиот уред доаѓа во стандардната опрема. Се прашувате зошто го спомнуваме? Поради тоа што звукот од соговорникот оди преку звучниците, него ќе можат да го слушнат сите патници во автомобилот. На тој начин, Јовица Арсиќ ќе може и да им подели по некој совет на своите пулени, нормално ако тие се заборават и малку подолго уживаат во возењето со Colt.
 
Ќе им личи ли да се паркираат пред толкава публика во евтин автомобил?
 
Најубаво е кога своите ѕвезди ќе ги видите во некој голем и убав премиум автомобил. Но, пониската цена на Colt не значи и намалување на стилот. Целосниот дизајн, посебно предната маска, делуваат модерно и агресивно и го издвојуваат овој автомобил од толпата. Со Colt, слободно би можеле да одите на бал и во “Александар Палас”!
 
Добар е за кошаркарите, но дали е и за мене?
 
Colt е стилски автомобил од ниската класа, наменет пред се за помладата популација, која често прави излети надвор од градот. Јапонецот има и многу ниска цена и ниски патни трошоци, кои се од голема важност за помладите. Насмевки и голема сатисфакција, ќе донесат и позитивните коментари од друштвото, од типот “леле колкав е внатре!”, или “брзо било ова!”. Да, Colt нема да разочара скоро никого, дури ни џиновите од нашиот национален тим!
 

Mitsubishi Colt
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
ova ako e sranje drugar ti nisto nerazbiras znaci...
Напишан од mitsu  пред  околу 105 месеци
какво глупо срање
Напишан од Mitsu  пред  околу 117 месеци
какво глупо срање
Напишан од Mitsu  пред  околу 117 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил