Стив Калафер претседател на компанијата Flemington Car & Truck Country, која продава автомобили од различни брендови, вклучувајќи ги и оние на Vw.

Воедно и ценетиот снимател на документарци, поседува филмови три пати номинирани за Оскар, а неговиот најнов документарец е поврзан со аферата на Vw ‘dieselgate’.
Продавам Volkswagen автомобили и воопшто не ми се допадна како челниците на компанијата реагираа откако изби аферата. Воглавно сите молчат. Она што посебно ме вознемирува е избегнувањето на плаќањето на оштета на продавачите.
Многу семејства подигнале животна заштеда за да отворат и водат Volkswagen салон, а сега изгубиле се поради туѓа измама – изјави Калафер, кој челниците на Volkswagen се обиделе го отргнат од намерата за снимањето на документарецот.
Филмот ќе се нарекува: “Volkswagen: Измамата на векот”, а ќе започне да се прикажува идната година.
|