Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Претставен освежениот Tesla Model S
 
Spodeli
13 April 2016, 12:40


Претставен освежениот Tesla Model S Tesla Model S  Претставен освежениот Tesla Model S
Благ редизајн и најсилен модел со 532 коњски сили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Tesla Model S доживеа благо освежување. На прв поглед се гледа стилското влијание на Model X и Model 3, изменета е предната маска и светлата кои се во ЛЕД технологија.
 
 
Внатрешноста доби некои новитети, така што сега можат да се порача греење на сите седишта, како и греење на воланот. За влегување и палење не е потребен клуч, а инфотаинмент системот е опремен со екран со дијагонала од 45 сантиметри.
 
Во посилните пакети можете да нарачате и нови комбинации на дрво и кожа во внатрешноста, HEPA филтер за воздух како и амбиентално ЛЕД осветлување.
 
 
Перформансите пак, овој пат добија достапност во четири опции. Најслабата опција има електромотор кој развива 315 коњски сили, до 100 километри на час забрзува за 5,5 секунди, а достигнува најголема брзина од 225 километри на час.
 
Следниот модел S 70D со два мотор развива вкупно 328 коњски сили, има погон на сите четири тркала, а до 100 километри на час забрзува 5,2 секунди, со можност за максимална брзина до 225 километри на час. Автономијата изнесува 386 километри.
 
 
Во низата потоа е моделот 90D кој со два електромотори развива 417 коњски сили, што му овозможува да до 100 километри на час забрзува за 4,2 секунди, максималната брзина изнесува 250 километри на час, со автономија од 473 километри на час.
 
Најсилниот модел во понудата има два електромотори кои нудат 463 коњски сили, така што за забрзувањето до 100 километри на час му требаат само 3,1 секунда, а најголемата брзина кај оваа верзија изнесува 250 километри на час, и автономија до 434 килметри.
 
 
Со посебна надоградба, силата на оваа верзија може да се искачи на 532 коњски сили, што времето за спринт до стотка го намалува на 2,8 секунди.
 

Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил