Буката околу најновиот автомобил на Tesla, кој го носи името Model 3 не стивнува.
Во само неколку часа е срушен очекуваниот број на преднарачки, за екипата од Tesla да започне да известува за неверојатни бројки. Бројачот на заинтересирани купувачи, кои веќе се впишале на листата на чекање и при тоа уплатиле 1.000 американски долари се искачи на 325.000.
Тоа значи, дека доколку се земе во предвид дека просечната цена е 40.000 долари (основниот модел 35.000), Tesla во предпродажба добила 17 милијарди долари приход.
Шефот на компанијата Елон Маск најави и посебен поклон за оние корисници кои чекале во ред пред пуштањето во продажба на физичките места. Како Tesla ќе ги исполни овие барања, и колку овие луѓе ќе мораат да чекаат за своите автомобили, ќе дознаеме наскоро.
|