Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Елон Маск ќе гради фабриката во Европа, но каде поточно?
 
Spodeli
08 April 2016, 10:14


Елон Маск ќе гради фабриката во Европа, но каде поточно?   Елон Маск ќе гради фабриката во Европа, но каде поточно?
Со оглед на лансирањето на третиот модел во гамата, на Tesla Motors значајно и се зголеми годишното производство на електрични автомобили, постечката фабрика во Фримонт нема да може да ја задоволи побарувачката...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Поради тоа, првиот човек на компанијата, Елон Маск, веќе најави дека планира изградба на нова фабрика во Европа.
 
 
Медиумите  во Хрватска веќе наголемо зборуваат за доаѓањето на Елон Маск во нивната земја, но изгледа дека основачот на Tesla Motors има во предвид сосема друга локација.
 
Бидејќи порано се наведуваше дека можноста новата фабрика да биде изградена во Франција, министерката по енергетика, Сеголени Ројал, ја поддржа оваа идеја. Како што пишува Ројтес, Ројал неодамна и предложила на компанијата Tesla Motors за свој погон да ги искористи објектите на нуклеарната централа Фесенхајм, која би требало да престане со работа до крајот на 2016 година.
 
Француската министерка веќе својата идеја му ја предложи на Маск и планира да се сретне со претставниците на американскиот производител на електрични автомобили до крајот на април. Се уште останува нејасно дали Tesla Motors сериозно планира да ја разгледа оваа опција, но Маск порано изјави дека Алзашката област, во која се наоѓа нуклеарната централа, е идеална локација за фабрика со оглед на тоа што практично се наоѓа на границата помеѓу Франција и Германија.
 
Франција е иначе голем заговорник за употребата на електрични автомобили и ја поттикнува набавката на возила на струја со субвенции во вредност и до 10.000 евра. Воедно, оваа земја е и најголем производител на електрични автомобили во Европа.
 
Најсупешната компанија во производството на автомобили со електричен погон во Европа е Renault кој во текот на 2015 година на купувачите им испорача 23.086 електрични автомобили, или 49% повеќе отколку во 2014 година.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил