Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Tesla доцни со испораката на Model X, ги прeценија своите можности
 
Spodeli
08 April 2016, 10:04


Tesla доцни со испораката на Model X, ги прeценија своите можности   Tesla доцни со испораката на Model X, ги прeценија своите можности
Иако во првиот квартал на 2016 година на купувачите им беа испорачани за 50% повее возила во споредба со истиот период претходната година, од Tesla Motors велат дека заостануваат со плановите бидејќи имаат недостиг на делови кои се вградуваат во кросоверот Model X...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Американскиот производител на луксузни електрични автомобили овие денови е во центарот на светските медиуми поради премиерата на Model 3 кој на пазарот пристигнува дури кон крајот на 2017 година. Во меѓувреме, пред компанијата е тешка задача да ги исполни производните планови за 2016 година и на купувачите да им ги испорача ветените 80.000-90.000 возила.
 
 
Во првиот квартал на 2016 година, произведени се помалку автомобили отколку што се планирани, а од Tesla Motors признаваат дека за тоа се самите виновни. Имено, поради големиот број на нови компоненти кои се вградуваат во кросоверот Model X, а кои не се во состојба самите да ги произведат, принудени се да побараат помош од другите доставувачи.
 
Од компанијата велат дека Model X има и премногу нови технолошки решенија во однос на Model S и дека ги прецениле своите производствени можности.
 
Tesla Motors сериозни му пристапи на овој проблем, се со цел слична работа да не се случи и во 2017 година, кога ќе започне сериското производство на Model 3, за кој за само неколку дена примија околу 300.000 порачки.
 
Американскиот производител наведе и дека бројот на оние кои во првиот квартал на 2016 година порачале Model S се зголемил за 45%, во однос на истиот период претходната година. Во првите три месеци на 2016 година, ширум светот се испорачани 12.420 примероци од ова возило.
 
 
Во истиот период до купувачите пристигнаа и 2.400 примероци од Model X, па Tesla Motors за првото тромесечие од оваа година вкупно пласираше 14.820 автомобили.
 

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил