Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Tesla Model 3 за 24 часа, порачани 130.000 автомобили
 
Spodeli
04 April 2016, 11:08


Tesla Model 3 за 24 часа, порачани 130.000 автомобили Tesla Model 3 *  Tesla Model 3 за 24 часа, порачани 130.000 автомобили
Новиот луксузен електричен автомобил на Tesla Motors за само 24 часа го порачаа преку 130.000 купувачи, соопштија од компанијата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Само еден ден откако во продажните салони на Tesla Motors ширум светот службеници започнаа да примаат нарачки за новиот модел, бројот на испратени барања веќе се пишува со шест цифри – и понатаму расте.
 
 
Во текот на презентацијата на Model 3 во Лос Анџелес, која по средноевропско време започна во раните утрински часови, Елон Маск објави дека пристигнале 115.000 резервации за новиот автомобил.
 
Доколку сите овие нарачки се реализираат во моментот кога кон крајот на 2017 година ќе започне сериско производство, тоа на компанијата ќе и донесе приход од најмалку 4 милијарди долари (доколку се земе во предвид дека почетната цена за еден ваков автомобил во САД изнесува 35.000 долари).
 
 
Во меѓувреме, бројот на нарачки надмина 130.000.
 
Секој потенцијален купувач кој го резервираше својот примерок на Tesla Model 3 автомобилот морал да положи депозит од вредност од 1.000 долари (1.000 евра во Европа), или сличен износ во останатите делови од светот, изразен во локална валута.
 
За оние кои евентуално ќе отстапат од купување, парите ќе им бидат вратени. Сите останатите ќе се најдат во врвот на ранг листата при испораката на возилото, која треба да започне кон крајот на 2017 година.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил