Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Пристигна Tesla Model 3
 
Spodeli
04 April 2016, 10:59


Пристигна Tesla Model 3 Tesla Model 3 *  Пристигна Tesla Model 3
Третиот модел на Tesla, кој би требало да го означи почетокот на масовното производство на електрични автомобили на овој производител, претставен е на свеченоста во Лос Анџелес...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

За 35.000 долари, колку што чини основната верзија (без пресметани државни субвенции на електричните возила во САД), нема да можете да купите подобар автомобил, изјави на премиерата на Model 3, првиот човек на Tesla Motors, Елон Маск.
 
 
Долго очекуваната луксузна електрична лимузина на јавноста и е претставена во калифорниското дизајнерско студио на оваа компанија во четвртокот вечерта по локално време.
 
И додека траеше презентацијата, илјадници луѓе се најдоа во ред пред продажните објекти на Tesla Motors ширум светот, се со цел со депозит од 1.000 долари (во Европа 1.000 евра) на време го резервираат својот примерок и така да се најдат помеѓу првите купувачи на кои автомобилот ќе им биде испорачан кон крајот на 2017 година, кога ќе започне сериското производство на автомобилот.
 
 
Многумина од нив чекаа и подолго од 24 часа пред книгата за порачки да биде отворена на 31 март во утринските часови. Во меѓувреме, Tesla Motors започна да прима и онлајн резервации на својот сајт.
 
Но, да се вратиме на возилото кое овие денови привлече големо внимание на автомобилските, но и на другите медиуми ширум светот. Во однос на другите два модели, кросоверот X, а посебно лимузината S, забележително е дека дизајнот на Tesla Model 3 е најсовремен.
 
 
Иако донекаде личи на намалена верзија на моделот Model S, Model 3 си има свои специфичности по кои јасно се разликува од поголемиот брат.
 
Предната маска е иста боја како и каросеријата и без никакви украсни детали, па на о ние кои се навикнати на класична маска на ладилникот на обичните автомобил, Model 3 на почетокот ќе им изгледа малку чудно.
 
 
Амблемот на Tesla, стилизираната буква “T”, преместена е од маската, на која се наоѓа на останатите модели од калифорнискиот производител, на врвот на хаубата. Хаубата, или во овој случај поклопецот на предниот багаж (да, и Tesla 3 има два багажи – еден напред, а другиот, стандарден позади), исто така е обликуван поинаку за разлика од случајот кај Model S и Model X.
 
Тој е потесен и поркаток, се со цел да се ослободи простор за фаровите кои заземаат добар дел од предните крила на автомобилот.
Силуетата на Model 3 потестува на поголемата лимузина S, но поради своите помали димензии (во класа на BMW Серија 3 или Audi A4) овој автомобил има помал препуст на каросеријата пред предните и задните тркала.
 
 
Задниот дел се завршува со мал спојлер кој е составен дел од вратата на багажникот, додека стоп светлата се опремени со ЛЕД технологија.
 
Внатрешноста е целосно минималистички дизајнирана, па Model 3 во тоа ги надмина своите претходници, а впечатокот е дека ентериерот изгледа помодерно за разлика од оние на останатите два автомобили на Tesla.
 
 
Концептот на класични инструменти е целосно отфрлен, па, освен традиционалната рачка на воланот, сите останати команди се смести на голем, 15 инчен екран на мултимедијалниот систем (налик на таблет), кој се наоѓа на врвот на централната конзола. За разлика од Model S и Model X, дисплејот наместо вертикално, е ориентиран хоризонтално.
 
Елон Маск не ги изнесе сите технички детали, но најави дека во основната верзија Model 3 од 0 до 100 километри на час ќе забрзува за помалку од 6 секунди, а дека во понудата ќе биде и побрза верзија. “Ние не правиме спори автомобили”, се пошегува Маск на презентацијата.
 
 
Кога станува збор за автономијата во возењето, која е многу важна работа за секој електричен автомобил, тој изјави дека основниот модел ќе може да помине и до 350 километри пред батериите да се истрошат.
 
Маск соопшти и дека до крајот на 2017 година, кога Model 3 ќе влезе во сериско производство, бројот на суперполначи во светот (брзи полначи на кои батериите можат да се дополнат за 20-30 минути), ќе биде двојно зголемен и ќе изнесува околу 7.200.
 
 
Новиот модел ќе биде достапен во верзии со заден и погон на сите четири тркала, додека возилото стандардно е опремено со авто-пилот и бројни безбедносни системи за кои првиот човек на Tesla Motors тврди дека ќе гарантира максимални 5 ѕвезди на секој тест за безбедност во светот. 
 
Според неговите зборови, кабината е доволно голема да во автомобилот комфорно можат да се сместат пет возрасни лица, а благодарение на положбата на предните седишта, патниците кој ќе седат позади ќе имаат комотен простр за нозете. 
 
 
За луксузниот надворешен изглед на возилото допринесува и стаклениот панорамски кров (Маск сакал да се намали чувството на клаустрофобија кај патниците во текот на подолгите возења), кој е стандарден дел од опремата на Model 3.
 
Паралелно со презентацијата на новиот автомобил, Елон Маск најави дека на 31 март ќе ја открие првата фаза, а дека втората фаза ќе биде претставен како ќе се ближи датумот на почетокот на производството.
 
 
Со оглед на тоа дека возилото кое имаше премиера во Лос Анџелес изгледа целосно довршено, времето ќе покаже на што првиот човек на Tesla Motors точно мислеше.
 
Погледнете го видеото во продолжение од презентацијата на автомобилот Tesla Model 3 и дознајте за што всушност се работи:
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил