Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Renault Kaptur по вкусот на Русите: Помалку урбан, повеќе СУВ
 
Spodeli
04 April 2016, 02:14


Renault Kaptur по вкусот на Русите: Помалку урбан, повеќе СУВ Renault Captur  Renault Kaptur по вкусот на Русите: Помалку урбан, повеќе СУВ
Францускиот производител ја претстави верзијата на моделот Captur за рускиот пазар...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Освен делумно променетото име – автомобилот во Русија ќе се продава како Kaptur, во однос на европската верзија на возилото има зголемена височина од тлото (204 мм) а на располагање е и погон на сите четири тркала. Покрај тоа, Kaptur од Captur е подолг за 211 милиметри, поширок за 35 милиметри и повисок за 47 милиметри.
 
 
Стилските разлики помеѓу двете верзии се минимални и опфаќаат поинакви фарови, маска за ладилникот и преден браник, како и нови LED дневни светла, додека задните светла добија редизајнирање.
 
 
Благодарение на зголемената разлика од тлото, Kaptur е во состојба да ги совлада и најтешките терени. Дозволениот нападен агол при преминување на препреки е 20 степени а при симнување овој агол изнесува 31 степен.
 
 
Во стандардната опрема спаѓаат и електроподигнувачите на прозорците, одклучување и заклучување без клуч, стартување на моторот со притискање на копче, додека како опција може да се добие и Med Nav мултимедијален систем со седуминчен екран чувствителен на допир и Bluetooth концекција.
 
 
Со оглед на руските услови за експлоатација, кои подразбираат долги и студени зими, купувачите со доплата добиваат и греачи на предните седишта и ветробранското стакло.
 
 
Kaptur на рускиот пазар пристигнува во летото во 2016, а ќе се произведува во фабриката на компанијата Renault во Москва.
 

Renault Captur
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил