Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Претставен Mercedes C63 AMG Cabrio
 
Spodeli
31 March 2016, 03:53


Претставен Mercedes C63 AMG Cabrio Mercedes-Benz C63 AMG *  Претставен Mercedes C63 AMG Cabrio
На саемот за автомобили во Њујорк премиера имаше и најбрзиот Mercedes C класа со отворен кров...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Како останатите верзии на Mercedes C63 AMG, и кабриолет е придвижуван од 4.0 литарски bi-turbo V8 бензински мотор.
 
 
Моторот произведува 476 коњски сили (349 kW) и развива 650 Nm вртежен момент, во стандардна верзија, додека моделот со додаток “S” располага со 510 коњски сили (375 kW) и дури 700 Nm.
 
 
Послабвата верзија овозможува автомобилот од 0 до 100 километри на час да забрза за само 4 секунди, додека C63 S истата брзина ја достигнува за 0.1 секунда побрзо. Максималната брзина на C63 AMG Cabrio електронски е ограничена на 250 километри на час, додека на “S” верзија е на 300 километри на час.
 
 
Дизајниран по угледот на најбрзата C класа купе, кабриолетот од тој автомобил воглавно се разликува по склопливиот платнен кров.
Како и останатите AMG модели, и овој Mercedes има специјално дизајнирани аломиниумски фелни. Кај послабиот модел тие се со големина од 18 инчи, додека на “S” верзијата се со големина од 19 инчи. За оние на кои тоа не им е доволно, во понудата имаат и опциони, мат црни 20 инчни фелни.
 

Mercedes-Benz C63 AMG *
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил