Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Lincoln Navigator – Интересен концепт со скалила и чудни врати
 
Spodeli
27 March 2016, 19:34


Lincoln Navigator – Интересен концепт со скалила и чудни врати   Lincoln Navigator – Интересен концепт со скалила и чудни врати
Со Cadillac Escalade, Lincoln Navigator спаѓа во самиот врв на луксузни американски СУВ модели. Во Њујорк штотуку е претставен концептот на новиот Navigator кој сам по себе со својата појава го привлече вниманието на авомобилската јавност...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Она што прво паѓа во очи, покрај импозантната големина на возилото, се огромните врати кои се отвораат нагоре, како кај некои суперспортски автомобили. Во овој случај, во Lincoln се одлучија за по една врата на секоја страна, така што пристапот до кабината ќе биде целосно непречен кога тие ќе се подигнат.
 
 
Продукциската верзија од практични и економска причини најверојатно ќе има класични врати, но решението применето на концептот е навистина интересно.
 
 
Со оглед дека е во прашање навистина огромен СУВ, издигнувањето на возилото од земјата е значително поголемо за разлика од обичните патнички автомобили, па влегување и излегувањето од Navigator е отежнато. Lincoln и за овој проблем пронајде навистина згодно решение во вид на склопливи скалила кои автоматски се извлекуваат кога ќе се отворат вратите.
 
 
На тој начин, VIP клиентелата ќе можат елегантно да излезат од возилото кога стапнуваат на црвениот тепих.
 
 
Во луксузната патничка кабина има место за шест возрасни лица, во три реда седишта. Положбата на секое седиште може да се подесува на дури 30 начини, се со цел секој од патниците да може да заземе идеална позиција во текот на возењето но и да ја прилагоди формата на седиштето според индивидуалните потреби. Lincoln претстави и опција со мини гардеробер кој се наоѓа во багажот на возилото.

Под хаубата се крие моќен 3.5 литарски V6 EcoBoos мотор на Ford, кој како што вели производителот, располага со преку 400 коњски сили.

Иако сериската верзија веројатно ќе се разликува во некои детали од концептот, сепак Navigator несоменено ќе претставува впечатлива глетка на патиштата ширум светот.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил
 
 
Претходни вести од Lincoln