Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Светска премиера: Toyota Prius Prime Plug-in хибрид
 
Spodeli
27 March 2016, 19:04


Светска премиера: Toyota Prius Prime Plug-in хибрид Toyota Prius 2010  Светска премиера: Toyota Prius Prime Plug-in хибрид
Toyota на саемот за автомобили во Њујорк го претстави новиот модел Prius Plug-in хибрид, со ознака “Prime”, кој кога се вози само со помош на електрична енергија, може да помина и до 35 километри...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Четвртата генерација на класичниот Prius, која овие денови беше претставена и на саемот за автомобили во Белград, предизвика контроверзност со својот изглед. Иако Toyota уште од првата генерација на моделот Prius навикна овој модел да има специфичен дизајн кој се издвојува од автомобилите со конвенционален погон, најновата верзија ги изненади дури и љубителитен а Prius со своите необични фарови и стоп светла.
 
 
Од таа страна, може да се каже дека Plug-in верзијата на моделот Prime, која ќе има светска премиера на претстојниот саем за автомобили во Њујорк, дизајнерски е помалку радикален иако предниот дел потсетува на Toyota Mirai со погон на водородни горивни ќелии.
 
Со оглед на тоа што купувачите на Prius Prime Plug-in избираат автомобил чиј возни карактеристики се поважни од неговата надворешност, важно е да се напомене дека благодарение на батериите со поголем капацитет, автомобилот сега е во состојба да помине поголема дистанца исклучиво со помош на електрична енергија.
 
 
Со целосно наполнети батерии, Prius Prime има автономија на електрична енергија од околу 35 километри, а со полн резервоар може да премине и преку 965 километри. Во електричен мод, максималната брзина на автомобилот е задоволувачка, и изнесува 135 километри на час.
 
Како и класичната хибридна верзија, и Prius Prime Plug-in е опремен со четирицилиндарски 1.8 литарски бензински мотор, чија моќност за сега не е откриена, а е потпомогната од страна на електричниот мотор.
 
Споментатите батерии имаат капацитет од 8,8 kWh и заземаат повеќе простор во споредба на оние од претходниот Prius Plug-in. Токму поради тоа, Toyota беше принудена на компромис, па батериите заземаа и дел од багажникот.
 
 
Имено, подот во гепекот е подигнат за неколку сантиметри во однос на долната ивица на вратата на багажникот, што естетски не е најсреќното решение, а така се намалува и неговата корисна зафатнина. Освен тоа, кога ќе се соборат задните седишта, не се добива целосно рамна и функционална површина, како кај поголемиот дел од автомобилите, туку подот на багажникот штрчи.
 
 
Иначе, Prius Prime Plug-in е подолг од својот претходник за 6 сантиметри а понизок за 1,5 сантиметри. Подигнувањето од земјата е намалено за 2,5 сантиметри, подобрена е и аеродинамиката на возилото, а Toyota тврди дека потрошувачката е помала за 26% во споредба со порано.
 
 
За истрошените батерии целосно да се дополнат, потребни се околу два и пол часа на приклучок со моќност од 240 V.
Во кабината доминира голем екран на мултимедијалниот систем кој зазема најголем дел од централната конзола, слично како во електричниот модел Tesla S. Дисплејот е ориентиран вертикално и е забележително поголем од екранот во класичната Prius од четвртата генерација.
 
 
Toyota Prius Prime Plug-in во продажните салони пристигнува на есен, до кога ќе биде позната и цената на овој автомобил.
Погледнете повеќе детали поврзани со презентацијата на овој автомобил во видеото во продолжение:
 


Toyota Prius 2010
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил