Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Маск бара 1000 евра депозит за автомобил кој се уште не постои
 
Spodeli
23 March 2016, 00:21


Маск бара 1000 евра депозит за автомобил кој се уште не постои   Маск бара 1000 евра депозит за автомобил кој се уште не постои
За љубителите на електроавтомобилите компанијата Tesla Motors го започна завршното одбројување до претставувањето на Model 3, закажан за 31 март...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Сите оние кои се заинтересирани за купување на ова возило на произовдителот треба да му исплатат депозит за резервација и повеќе детали поврзани со автомобилот.
 
 
Иако првите испораки не се очекуваат пред крајот на 2017 година, Tesla Motors ќе започне да прима нарачки за својот трети модел веќе од 31 март 2016 година. Од компанијата велат дека потенцијалните купувачите ќе можат да го резервираат својот примерок на Model 3 автомобилот на два начина – со посета на најблиското продажно место или преку сајтот Tesla.com.
 
Tesla Motors и во оваа прилика сака да им покаже благодарност на клиентите кои во гаражата веќе имаат некои од нивните автомобили, па тие ќе имаат предност при нарачката на овој автомобил, а со самото тоа и при испораката на возилото. Тоа значи дека најбрзиот начин некој да дојде до Model 3 автомобил, е пред тоа да купи некој од нивните модели, Model X или Model S.
 
Производителот наведува дека испораките ќе почнат кон крајот на 2017 година и тоа најпрво во Северна Америка, за потоа новиот електричен седан да пристигне во гаражите на купувачите во Европа. Депозитотот за Model 3 автомобилот во САД изнесува 1.000 долари, а во Европа 1.000 евра.
 
Дизајнот на автомобилот се уште е тајна, но се очекува обликот да потсетува најмногу на луксузниот автомобил Model S. Првиот човек на компанијата, Елон Маск, изјави дека автомобилот ќе биде помалку комплексен и сложен за производство во споредба со останатите возила на Tesla Motors.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил