Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Новата Е класа, претставен Mercedes E43 AMG
 
Spodeli
11 March 2016, 17:15


Новата Е класа, претставен Mercedes E43 AMG Mercedes-Benz E-Class - old  Новата Е класа, претставен Mercedes E43 AMG
Германскиот производител ја претстави спортската, AMG верзија на својата луксузна лимузина...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Mercedes E43 AMG е замислен како автомобил кој ќе ја пополни празнината помеѓу обичната Е класа и идниот екстремен модел E63 AMG.
 
 
Mercedes E43 AMG ја задржа елеганцијата на стандардната Е класа, со адреналинската инекција во вид на 3.0 литарски би-турбо V6 мотор со 401 коњска сила и 520 Nm максимален вртежен момент. Овој автомобил ќе се испорачува со 4Matic погон на сите чтири тркала, а силата се пренесува со помош на 9G-Tronic автоматски менувач.
 
 
Од 0 до 100 километри на час, овој автомобил забрзува за 4,6 секунди, додкеа максималната брзина очекувано е фабрички ограничена на 250 километри на час.
 
Стилски, E43 се разликува од останатите верзии од Е класата по различниот преден браник и точесктата маска на ладилникот, додека позади се препознава по двата пара издувни цевки.
 
 
Автомобилот е стандардно поставен на 19 инчни AMG аломиниумски фелни, а во понудата се и опциони тркала од 20 инчи.
Mercedes E43 AMG е опремен со спортски систем базиран на најновата Air Body Control технологија. Исто така, возачот може да избира помеѓу три начини на подесување: Comfort, Sport  и Sport Plus.
 
Светската премиера е закажана за саемот на автомобили во Њујорк, кој се одржува кон крајот на март, а продажбата се очекува да започне во септември. Цената на автомобилот засега се уште не е позната.
 
 
После овој модел, Mercedes би требало да ја лансира и есктремната AMG верзија, моделот E63.
 

Mercedes-Benz E-Class - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил