Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Audi го претстави SQ7 V8 TDI
 
Spodeli
09 March 2016, 09:07


Audi го претстави SQ7 V8 TDI Audi Q7  Audi го претстави SQ7 V8 TDI
И најголемиот член на “Q” семејството, Audi Q7, доби своја спортска верзија – SQ7, а благодарение на новиот, силен V8 TDI мотор, до 100 километри на час, забрзува за само 4,8 секунди...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
Иако е моменталниот фокус на автомобилските случувања во Женева и саемот за автомобили кој трае до 13 март, Audi продолжува со лансирање на нови модели, односно верзии на постоечки верзии во понудата. Така во седиштето на компанијата во Инголштат, е претставен моделот SQ7 – првиот Q7 модел кој доби своја перформантна “S” верзија.
 
 
Она што овој модел го прави интересен е целосно новата погонска единица во вид на 4,0 литарски V8 TDI турбодизел мотор, кој ослободува 435 коњски сили и дури 900 Nm вртежен момент, а поседува и нов Common-rail систем со притисок за вбризгување до 2500 бари.
 
 
Но, тоа не е се, имајќи во предвид дека SQ7 е воедно и првиот сериски автомобил, кој покрај стандардните турбо полначи, ќе има и електро-подвижен компресор, кој помага моторот дополнително да ги елиминира турбо-дупките при малиот број на вртежи.
 
 
Моторот е спарен со 8-степен автоматски менувач, кој силата ја испраќа на сите четири тркала, кој во Audi е веќе докажан. Опциони, на купувачите им се нуди и спортски диференцијал со таканаречен torque vectoring, кој овозможува испорака на различен вртежен момент помеѓу тркалата на задната осовина, со цел подобрување на возната динамика.
 
 
Иако SQ7 е тежок преку два тони, благодарение на силниот V8 TDI мотор, од место до 100 километри на час забрзува за само 4,8 секунди, додека максималната брзина му е електронски ограничена на 250 километри на час.
 
 
Секако, во склад со перформансите е и ознаката “S”, со која оди и цената, која од Германија стартува од 89.990 евра.
 

Audi Q7
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил