Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Ford Fiesta ST200 е автомобил наменет за секој
 
Spodeli
07 March 2016, 15:54


Ford Fiesta ST200 е автомобил наменет за секој Ford Fiesta ST - 2013  Ford Fiesta ST200 е автомобил наменет за секој
Дали го гледавте последното продолжение на Gymkhana, во кое Кен Блок ги вознемирува жителите на Дубаи со диво возење во Fiesta ST RX43?...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
Имајќи во предвид дека еден таков автомобил е веројатно надвор од буџетот на просечен македонски љубител на автомобилите, ова е најблиската опција која воедно функционира во реалниот свет. Fiest ST претставува еден од најкомплетните пакети на пазарот, а сега е тука и новата, посилна верзија.
 
 
Новата верзија претставена во Женева под името ST200, очигледно е и подобрата верзија, но колку? Десет проценти, доколку зборувате за силата, дваесет проценти, доколку прашувате за вртежниот момент. Во превод тоа значи дека од 1,6 литарскиот EcoBoost 4-цилиндричен турбо мотор сега се извлечени 200 коњски сили и 294 Nm вртежен момент (со overboost функција до 212 коњски сили и 320 Nm вртежен момент), што не се бројки кои ќе ја запрат ротацијата на Земјата, но прилично високи за волку мал автомобил. Овој автомобил, до 100 километри на час забрзува за 6,7 секунди, а максималната брзина изнесува 230 километри на час.
 
 
Иако на пазарот се наоѓа од 2008 година, фејслифтот од 2013 обезбеди и ден-денес Fiesta да изгледа убаво, модерно и доволно интересно. ST200 униформата вклучува и Storm Grey сива боја, мат-црни 17-инчни бандажи и црвена клешта на сопирачките. Компонените во внатрешноста изгледаат делумно кожни со сребрени шевови. Суптилно фино. Онака, баш како што сакаме.
 
 

Ford Fiesta ST - 2013
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил