Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Данскиот Zenvo TS1 со преку 1100 коњски сили претставен во Женева
 
Spodeli
04 March 2016, 15:12


Данскиот Zenvo TS1 со преку 1100 коњски сили претставен во Женева   Данскиот Zenvo TS1 со преку 1100 коњски сили претставен во Женева
Вториот модел кој пристигнува од данската компанија Zenvo Automotive e TS1, кој всушност е унапреден наследник на оригиналниот модел ST1...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
Малата данска компанија Zenvo Automotive, стана позната пред неколку години, кога го претстави својот прв автомобил – суперспортскиот ST1. Иако амбициозно проектиран, и технички, и визуелно, ST1 не се прослави баш многу, не толку поради екстремно високата цена, туку поради самозапалувањето во текот на снимањето на една TopGear епизода.
 
 
Но, Данците изгледа не губат самодоверба, па на саемот за автомобили во Женева е претставен модифициран и унапреден модел кој сега ја носи ознаката TS1. Да не е во прашање само пермутација на буквите, потврдува и новиот аеро-пакет (редизајниран сплитер и дифузер, но и ново задно крило), како и целосно нов мотор.
 
 
Наместо досегашниот 6,8 литарски V8 мотор со турбо полнач и механички компресор, Zenvo TS1 го придвижува нов V8 мотор со работна зафатнина од 5,9 литри, но сега опремен со два механички компресори. Со него ни стигнува и 7-степен DCT менувач, а опционоо, може да се добие и 7-степенски тркачки пренос со рамни запци (таканаречен Dog Box), во моделот Zenvo TSR.
 
 
Максималната брзина изнесува фантастични 375 километри на час, со 3,0 секундно забрзување до 100 километри на час, слично како и кај претходникот, моќноста на моторот се уште не е соопштена, но се очекува да изнесува околу 1100 коњски сили, со 1430 Nm максимален вртежен момент.
 
 
Цената се уште не е официјално соопштена, но е потврдено дека TS1 ќе биде произведен во лимитирана серија од само 15 примероци.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил