Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Женева 2016: FIAT Tipo отсега и во хечбек и караван верзија
 
Spodeli
04 March 2016, 14:11


Женева 2016: FIAT Tipo отсега и во хечбек и караван верзија Fiat Tipo Sedan  Женева 2016: FIAT Tipo отсега и во хечбек и караван верзија
Гама моделите на Fiat Tipo се шири, па после седанот, отсега во понудата се најдоа и хечбекот, но и караванот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
Италијанскиот производител FIAT во Женева стигна со неколку новитети. На светската премиера се претставија модели со кои ја комплетираа гамата Tipo, каде што верзијата со четири врати, односно на седанот, му се придружија и верзии со пет врати, како и караван.
 
 
Првиот е претставен со бензински мотор 1.4 Т-Jet од 95 коњски сили, како и дизелски 1.6 Multi Jet II Euro 6 мотор со моќност од 120 коњски сили, во комбинација со мануелен и автоматски менувач.
 
 
Во однос на лимузината (должина 4,54 метри), хечбекот е нешто пократок (4,37 метри), но донесува практична пета врата за утовар на кабаст багаж, со зафатнина од 440 литри.
 
 
Од друга страна, караванот е најдолга верзија на моделот Tipo во понудата, со вкупно 4,57 метри, а покрај поголемиот багажен простор од 550 литри, нуди и шини за монтажа на кровен носач.
 
 
Од останатите модели, кои сепорано прикажани на светските изложби, тука е и 124 Spider, додека линијата на моделите 500 исто така е претставена, и тоа во полна сила, вклучувајќи и нов 500S, како и 500X и 500L.
 
 
Посебна таркација претставува чистокрвниот pick-up модел на Fiат, Fullback, кој е прикажан во таканаречениот вид Show Car, специјално наменет за ваквиот вид на манифестација.
 

Fiat Tipo Sedan
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил