Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Во Женева претставен Porsche 911 R, наменет за традиционалисти
 
Spodeli
02 March 2016, 17:51


Во Женева претставен Porsche 911 R, наменет за традиционалисти Porsche 911  Во Женева претставен Porsche 911 R, наменет за традиционалисти
Porsche на Саемот за автомобили во Женева ја претстави и лимитираната серија 911 R, која ќе биде достапна, веќе можете да погодите, во само 911 примероци...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
Ексклузивната премиера во Швајцарија, подготви и традиционално активниот Porsche. Во оваа прилика, германската компанија претстави ограничена серија на спортското купе 911, со ознака R.
 
 
Моделите од оваа серија ќе бидат симболично достапни во 911 примероци, па несомнено ќе биде “светиот грал” за имотните колекционери и најзагрижените љубители на оваа германска марка.
 
 
Естетски, специјалната едиција игра на картата на спортскиот, па и тркачкиот стил, кој е нагласен веќе по препознатливите гррафички детали на каросеријата.
 
 
Од техничка страна, 911 R не е ништо помалку импресивен. Перформансите ги обезбедува “традиционалниот” атмосферски шестоцилиндарски боксер мотор, со работна зафатнина од 4,0 литри и моќност од 500 коњски сили, што е доволно за максимална брзина од 323 километри на час.
 
 
Но, можеби уште поимпресивно звучи податокот за системот на сопирачки, кој го сочинуваат огромни карбонско-керамички дискови, со пречник од дури 410 милиметри напред и 390 милиметри позади. За оптимална тракција, се грижат пневматици со пречник од 20 инчи, со ширина од 245 милиметри напред, односно 305 милиметри позади.
 

Porsche 911
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил