Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Во Женева претставен Volkswagen Phideon
 
Spodeli
02 March 2016, 17:19


Во Женева претставен Volkswagen Phideon   Во Женева претставен Volkswagen Phideon
Иако не е директен наследник на моделот Phaeton, Volkswagen Phiedeon, наменет е исклучиво за кинескиот пазар...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
 
Иако веќе подолго време се шпекулира за наследникот на најлуксузниот модел на Volkswagen, лимузината Phaeton, за сега од тоа нема ништо, барем во Европа, имајќи во предвид дека VW се ориентираше на народните модели и се попопуларниот кросовер сегмент.
 
 
Но, тоа не значи дека германскиот гигант ги заборавил остантите пазари, кои се развиваат независно во однос на европскиот. Еден од нив е и пазарот во Кина, која е во голема експанзија, и многу лесно се продаваат моделите кои практично на никое друго место не се продаваат.
 
 
Токму за Кина е наменета и оваа луксузна лимузина од Volkswagen, под името Phideon (секоја сличност во името со споменатиот Phaeton е намерна!), која всушност е базирана на Audi A6, поточно, на истата платформа како и моделот од Инголштат.
 
 
Автомобилот е долг 5050 милиметри (широк 1870 и висок 1470 милиметри), што е за само 5 милиметри пократок од актуелниот Phaeton со стандардно меѓуоскино растојание, додека од него е нешто повсиок за 30 милиметри и речиси исто толку потесен (35 милиметри).
 
 
VW Phideon го придвижува 3,0 литарски V6 турбо бензински мотор со моќност од 300 коњнски сили и 400 Nm вртежен момент, а силата по пат на 4Motion систем се испорачува на сите четири тркала. На кинескиот пазар ќе биде понудена и поевтина опција, во вид на 3,0 литарски турбо бензински мотор со погон само на предните тркала.
 
 
Нешто подоцна, за Саемот на атомобил во Пекинг, во април, е најавена и хибридна верзија. Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:
 

Новиот модел на Volkswagen ќе се произведува само во Кина, во фабриката на Volkswagen во Шангај, а својата официјална премиера ја имаше токму на Саемот на автомобили во Женева.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил