Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Женева 2016: Mercedes-Benz ја претстави кабрио изведбата на C Class
 
Spodeli
02 March 2016, 16:39


Женева 2016: Mercedes-Benz ја претстави кабрио изведбата на C Class Mercedes-Benz C-Class Cabriolet 2011 Женева 2016: Mercedes-Benz ја претстави кабрио изведбата на C Class
Mercedes-Benz ја збогатува фамилијата на C Class модели со кабриолет изведба, кој ќе се базира на купето, а ќе биде достапен на почетокот од летото, како и што наликува за еден ваков автомобил...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Дизајнот е прилично фамилијарен, односно автомобилот изгледа токму како што сите очекувавме – C Class Coupe со платнен покрив. Интересно, достапни се две верзии на платнениот покрив – основната црна верзија и втора верзија со подобрена звучна изолација, која доаѓа во црна, црвена, кафеава и сина боја.



Зошто Mercedes-Benz не го вклучува подобриот покрив уште во основниот модел не е најјасно, но веројатно е за купувачите да мораат да доплатат екстра пари за него – премиум производителите најмногу заработуваат на опремата.

Покривот инаку ќе може да се отвори за помалку од 20 секунди, има вистинско задно стакло и благодарение на тоа што е платнен, го намалува багажникот од 360 на 285 литри кога е отворен – многу помалку отколку кај автомобилите со тврд покрив.



Моторизацијата ќе биде составена од два турбо дизели со зафатнина од 2,1 литар и 170, односно 205 КС цела плејада на бензински мотори, почнувајќи со 1,6 литарски турбо со 155 КС, потоа 2,0 литарски турбо со 182, 210 и 245 КС, како и C400 модел со 3.0 V6 турбо бензинец со 330 КС. За спортски расположените, достапен е и C43 AMG модел со истиот V6 бензинец, но навиен на 365 КС.

Од останатите адути на C Class Cabriolet, тука секако мора да се спомене Air Scarf системот преземен од S Class Cabriolet, кој дува топол воздух околу вратот на патниците, со цел максимална заштита дури и ако го отворат покривот во поладните есенски и зимски денови. Внатрешноста има четири седишта и би требало да понуди респектабилен простор и на задната клупа.



Во однос на обичната C Class, суспензијата е спуштена за 15 милиметри и уште во основниот модел се добива адаптивна суспензија, со можност да се доплати за спортска AMG или пак за супер удобната воздушна суспензија.

Цената на C Class Cabriolet кога ќе пристигне на пазарите во Јуни годинава, се очекува да почнува од 45.000 евра нагоре.


Mercedes-Benz C-Class Cabriolet 2011
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил