Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Во Женева претставен Aston Martin DB11
 
Spodeli
02 March 2016, 15:02


Во Женева претставен Aston Martin DB11   Во Женева претставен Aston Martin DB11
Полни 13 години после моделот DB9, Aston Martin во Женева го претстави наследникот DB11...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
Во друштвото на најатрактивни премиери на Саемот за автомобили во Женева, светлата на рефлекторите го освелтија и новиот Aston Martin. Тој редок момент го оебележи ознаката DB11, која промовира неверојатен дизајн, кој на маестрален начин ги спојува спортскиот шарм и елеганцијата.
 
 
Наследникот на Aston Martin DB9 стигнува после 13 години, па секој детал се најде под “лупа” од страна на љубителите на брзина. Познато е дека за погонот е употребен нов 5,2 литарски twin-turbo V12 мотор, со моќност од 608 коњски сили, па освен динамичниот дизајн и првокласната изработка, загарантирани се и врвните перформанси.
 
 
Со помош на споменатиот V12 мотор, како и 8-сстепениот автоматски менувач, DB11 до 100 километри на час забрзува за 3,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 322 километри на час.
 
 
Во ентериерот, владее луксуз и раскош, на каков што сме навикнати од Aston Martin, а за љубителите на ИТ геџетите, тука е и големата LCD инструментација, со дијагонала од 12 инчи, додека дисплејот со дијагонала од 8 инчи се наоѓа на врвот на централната конзола, наменет за информационо-забавен систем.
 
 
Моделот DB11 се очекува на пазарот да пристигне кон крајот на годината, и тоа по цена од 204.900 евра.
 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил