Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Volvo објави рекордна продажба и добивка
 
Spodeli
02 March 2016, 14:55


Volvo објави рекордна продажба и добивка  Volvo објави рекордна продажба и добивка
Шведскиот производител постигна најголема продажба во својата историја во 2015 година, заедно со раст на оперативната добивка...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

"Volvo Cars" групацијата продаде 503.127 возила, што се случува за прв пат во историјата на производителот. Оперативната добивка пак изнесува 707 милиони евра, што е исто така најголема бројка во историјата. Оваа година се очекуваат уште подобри продажни резултати на производителот, а благодарение на лансирањето на моделите S90 и V90, како и XC90, кој е веќе половина година на пазарот и се покажува како многу успешен.

Ова е осум процентно зголемување на продажбата на возила во однос на 2014 година, како резултат на појавата на новата серија возила 90 и силната продажба на веќе постоечките модели.



„Драго ми е што 2015-та година беше година на рекордни продажби и тројно зголемување на профитот. Сега, со успешна година за нас, Волво карс ќе влезе во следна фаза на својата глобална трансформација и со тоа ќе стане глобален производител на премиум автомобили“, вели Хакан Самуелсон, претседател и главен извршен директор.
За постигнување на целта – глобален производител на премиум автомобили – Волво карс имплементира програма за трансформација вредна околу осум милиони евра (SEK 75bn). Со целосно обновување на својата палета производи, компанијата настојува, на среден рок, двојно да ја зголеми продажбата на околу 800.000 возила годишно.



Новата стилизирана верзија на V90 која беше претставена месецов во Стокхолм,  е најновата верзија на премиум автомобили, трет по ред од најмодерната линија на 90 сериите, кои рамо до рамо стојат со наградуваниот XC90 SUV, како и со неодамна претставениот премиум S90. Најновиот модел на V90 претставува совршен спој на луксузно искуство преку крајно софистицираниот внатрешен ентериер, комбиниран со голем багажен простор. Составен дел на V90 моделот е и најновата технологија на „Pilot Assist”, полуавтономна технологија за возење и најнапредниот стандарден пакет за безбедност на пазарот. Секако, 60 годишната традиција која била започната со Volvo Duett е пренесена чекор понапред во однос на естетиката, материјалите и завршната обработка.

Производството на многу очекуваната XC90 SUV почна, а компанијата доби 88.000 нарачки, согласно очекувањата. Производството и на XC90, исто така, доведе до воведување на трета смена во една Волво фабрика во Шведска за прв пат од 2008 година, создавајќи речиси 1.500 нови работни места во производство.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил