Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > На саемот во Женева преставена Alfa Romeo Giulia
 
Spodeli
01 March 2016, 17:49


На саемот во Женева преставена Alfa Romeo Giulia Alfa Romeo Giulia 2019  На саемот во Женева преставена Alfa Romeo Giulia
После фантастичниот Quadrifoglio Verde модел, Alfa Romeo Giulia стигнува со турбо бензински и JTDM дизел мотор...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
После најсиланта, спортска верзија Quadrifoglio Verde, Alfa Romeo на саемот за автомобили во Женева ја прикажа и Alfa Romeo Giulia со бензински и дизел мотори. Посетителите, покрај споментата врвна QV верзија, ќе имаат шанса да ги видат и трите различни модели на Giulia Super.
 
 
Основниот модел ќе го придвижува првиот дизел на Alfa изработен во потполност од аломиниум – 2,2 литарскиот JTDM II со моќност од 150 коњски сили, кој ги добива при 4000 вртежи во минута, со максимален вртежен момент од 380 Nm.
 
 
Другата Giulia во понудата е исто така 2,2 JTDM II, но нешто посилна, со моќност од 180 коњски сили, кои се ослободуваат при 3750 вртежи во минута, додека максималниот вртежен момент изнесува 450 Nm. Кај двете дизел верзии, сериски се испорачува мануелен шестостепен менувач или опционен 8-степен автоматски.
 
 
Третата верзија е опремена со целосно нов 2,0 литарски турбо бензински мотор, исто така изработен од аломиниум, со директно вбризгување на гориво, кој има моќност од 200 коњски сили и 330 Nm вртежен момент, но се испорачува исклучиво со 8-степен Q-Tronic автоматски менувач.
 
 
Шлаг на тортата, секако, представува веќе споменатиот Quadrifoglio Verde модел, со 2,9 литарски V6 twin-turbo мотор, кој ослободува 510 коњски сили и еднакво импресивни 600 Nm вртежен момент. До 100 километри на час, овој автомобил забрзува за 3,9 секунди, а опремен е и со таканаречен Torque Vectoring систем за распределба на вртежниот момент на погонските тркала.
 

Alfa Romeo Giulia 2019
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил