Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Спортска практичност: McLaren го претстави 570GT
 
Spodeli
26 February 2016, 18:12


Спортска практичност: McLaren го претстави 570GT   Спортска практичност: McLaren го претстави 570GT
McLaren ја употреби и онака богатата гама на своите суперспортски модели за практичната верзија 570GT...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
Иако McLaren важи за производител на егзотични, суперспортски автомобили, кои по правило на пазарот се појавуваат релативно ретко, англиската компанија веќе неколку години наназад, претставува модел за модел.
 
 
После MP4-12C, во релативно краток рок се појавија и нови верзии, започнувајќи од основниот 540C, па преку 570S, до 650S и 675LT, а најновата во низата е 570GT, која, може да се каже дека е луксузна и практична верзија на актуелниот 570S, наменета за секојдневна употреба.
 
 
Имено, наместо традиционалниот облик на каросеријата на суперспортски автомобил, каде што позади предните седишта, се наоѓа вертикално стакло со кој се затвора кабината, а позади се овозможува поглед на погонската единица, кај GT верзијата е применета нешто поинаква филозофија, употреба на таканаречен Touring Deck стакло и нешто поинаков кров.
 
 
Со други зборови, позади се простира големо задно стакло, кое истовремено го простира и моторскиот простор, а кој притоа може да се отвори во лева или десна страна (зависно од верзијата), со што овозможува простор од 220 литри за оставање на ситен багаж, со постоечките 130 литри кои се наоѓаат во “носот” на возилото.
 
 
Моделот 570GT го придвижува 3,8 литарски twin-turbo мотор од 570 коњски сили, како и во моделот 570S, а тука е и идентичниот 7-степен менувач со двојно квачило и погон на задните тркала.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил