Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА       КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Тема > 60 години караван наследство – зошто Volvo V90 ќе биде најдобриот караван?
 
Spodeli
18 February 2016, 21:01


60 години караван наследство – зошто Volvo V90 ќе биде најдобриот караван?  60 години караван наследство – зошто Volvo V90 ќе биде најдобриот караван?
Денес ги објавивме првите официјални фотографии од новиот V90 и рековме дека ако некој знае да направи добар караван, тоа секако е Volvo, што е нормално – развојот трае континуирано цели 60 години...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Volvo V90 не е само производ на модерните технологии наметнати со XC90. V90 е автомобил кој го вклопува цело искуство насобрано во последните 60 години на правење најдобри каравани, вклопено со модерните технологии, а со една главна цел – да ги задоволи потребите на фамилијарните купувачи и нивните потреби за функционалност и практичност со уживањето во возењето и професионалните потреби.

Volvo Duett



Првиот автомобил кој ги имал овие карактеристики бил моделот Duett, лансиран во далечната 1953 година – автомобил со чија помош Volvo го зацементира статусот на бренд со најдобри каравани во светот. Ова е воедно и првиот автомобил на Volvo извезен во САД, а како доказ за неговата популарност, тој доби и своја шведска поштенска марка.

Volvo Amazon



Наследникот на Duett, моделот Volvo Amazon кој бил претставен во 1962 година, донесува неколку големи подобрувања во однос на својот претходник. Дизајнот кај овој модел е многу поелегантен и рафиниран и многу повеќе асоцира на караван формата која на сите ни е добро позната денес, за разлика од изгледот на Duett, кој бил преземен од товарен пикап.

Amazon е и првиот караван во светот со спортска “S” верзија со 115 КС, нудејќи нешто што дотогаш не било видено во автомобилскиот свет – вистинско уживање во возењето споено со високо ниво на практичност. Amazon е и првиот автомобил во светот со двојна задна врата, која овозможува полесно пренесување на подолги предмети и која 40 години подоцна се употребува и во првиот XC90 SUV модел.

Volvo 1800 ES



Во 1971 година Volvo го претставува првиот “Shooting Brake” автомобил во светот 1800 ES, кој делува уште поспортски, со задна врата на багажникот само од стакло, која придонесува дизајнот да стане безвременски и да биде иновативен дури и денес во моделот C30. Бидејќи се продадени само околу 8.000 примероци од овој модел, 1800 ES е еден од најбараните класични Volvo автомобили. 1800 ES е очигледна инспирација и за Volvo Concept Estate претставен во 2014 година на саемот во Женева.

Volvo 245



Моделот 245, претставен во 1974 претставува модел кој добива популарност во светски размери и кој станува асоцијација на брендот Volvo. Благодарение на неговата исклучителна популарност, останува во производство до 1993 година, а во неговото скоро две децениско постоење, донесува уште повеќе адреналин во караван сегментот – биле достапни модели со V6 агрегат (модел 265), како и со турбо бензински мотор, кој е првиот караван со таков погон.

Volvo 960



Првиот модерен Volvo караван е препознатливиот 960 претставен во 1990 година, кој е воедно и последниот модел со погон на задните тркала. Овој модел донесува многу помодерни и помазни линии и целосно нов мотор со 6 цилиндри. Во 1996 неговото име се менува во V90 – точно 20 години пред претставувањето на новиот модел оваа година.

Volvo 850 T5-R



И на крај секако не смееме да го заборавиме 850 T5-R – караванот кој своевремено засрамуваше многу суперспортски автомобили на патиштата. Со 240 КС и забрзување до стотка за само 6,9 секунди, ова беше караван каков што светот немаше видено до 1994 година и заслужено е еден од најбараните класици од 90’ години. 850 е и првиот караван кој има влезено во BTCC серијата во 1994 година.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Тема



 
 
 
 






Одберете нов автомобил