Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Официјално претставен ултимативниот караван, Volvo V90!
 
Spodeli
18 February 2016, 13:35


Официјално претставен ултимативниот караван, Volvo V90!  Официјално претставен ултимативниот караван, Volvo V90!
Ако некој знае да направи добар караван, тоа секако е Volvo – новиот V90 е веројатно најдобро дизајнираното вакво возило досега...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

V90 е всушност караван верзија на неодамна претставениот S90, што значи дека ентериерот ќе биде ист како кај седанот. V90 лежи на новата “Scalable Product Architecture” платформа, која се користи во S90 и XC90.



Моторизацијата ќе биде застапена со истите агрегати како и XC90 – во превод, сите мотори ќе имаат четири цилиндри и турбо полначи, додека хибридната T8 верзија ќе има 410 КС, благодарение на електричниот мотор и 2.0 бензинецот со турбина и компресор.



Новиот Volvo V90 ќе биде 4,95 метри долг и ќе има огромно меѓуоскино растојание од 2,92 метри, што значи дека може да се очекува во кабината и во багажникот да има многу простор.

Повеќе информации за V90 ќе има на официјалното претставување на саемот во Женева на почетокот од Март.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил