Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Враќање на легендата: После 30 години, нов спортски автомобил од францускиот Alpine
 
Spodeli
17 February 2016, 15:15


Враќање на легендата: После 30 години, нов спортски автомобил од францускиот Alpine   Враќање на легендата: После 30 години, нов спортски автомобил од францускиот Alpine
Со претставување на концептот Alpine Vision, легендарниот француски производител, кој работи во рамките на Renault, најавува сериски модел за Саемот за автомобили во Париз...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

 
Долгоочекуваното оживување на легендарниот француски бренд Alpine, под крилото на Renault (сопственик на Alpine од 1973 година), кое би требало да биде крунисано со нов спортски автомобил, влегле во својата финална фаза, имајќи во предвид дека во Монте Карло е представен концепт под името Alpine Vision – претходник на серискиот модел, кој својата премиера ќе ја има кон крајот на годината, на Саемот за автомобили во Париз.
 
 
Ова е трета а воедно и последна Alpine студија во низа, имајќи во предвид дека минатата година, Renault прикажа концепти на нов спортски автомобил пред легендарната трка 24 часа во Ла Манж, а можевме да го видиме и на традиционалниот Goodwood Festival of Speed.
 
 
Иако се работи законцепт со суфикс Vision, овде не е во прашање само уште еден во низата на виртуелни модели, наменети за Gran Turismo 6 играта, туку се работи за целосно функционален прототип, со централно позициониран мотор, кој, според тврдењата на луѓето од Alpine/Renault, до 100 километри на час, забрзува за само 4,5 секунди.
 
 
Стандардниот модел, според официјалните информации ќе биде придвижуван од 1,8 литарски турбо бензински мотор, со моќност од околу 250 коњски сили, додека хардкор верзијата, која би излегла од Renault Sport дивизијата, би ја придвижувал мотор од преку 300 коњски сили.
 
 
Серискиот модел би требало да се појави во продажба кон крајот на 2017 година, а најавената цена не е мала, имајќи во предвид дека би требало да изнесува околу 65.000 евра, додека Renault Sport верзијата, би требало да достигне цифра од дури 70.000 евра.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил