Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Шлаг на тортата: BMW M760Li xDrive V12
 
Spodeli
15 February 2016, 14:33


Шлаг на тортата: BMW M760Li xDrive V12 BMW Серија 7 - 2012  Шлаг на тортата: BMW M760Li xDrive V12
Новото милениче на баварскиот гигант...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Баварскиот гигант штотуку го представи своето милениче во вид на моделот M760Li xDrive кој го придвижува 6,6 литарска V12 битурбо единица.
 
 
Како што најавивме, откако случајно, на германски сајт и конфигуратор на BMW, се појавија индиции за најлуксузната Серија 7, германскиот гигант штотуку го предсстави миленичето во својата понуда – M760Li xDrive V12.
 
 
Како што кажува и самото име, за погонот е задолжен V12 битурбо агрегат, со работна зафатнина од 6,6 литри, кој ослободува 600 коњски сили при 5500 вртежи во минута, како и 800Nm максимален вртежен момент.
 
 
Од ознаката исто така може да се прочита и дека силата, по пат на 8 степен автоматски менувач ќе се испорачува на сите четири тркала (xDrive систем), а со оглед на конфигурациите на возилото, распоредот по осовина на силата, изгледа дека задните тркала ќе имаат малку поголема корист.
 
 
Овие бројки се доволни овој луксуз на тркала од место до 100 километри на час, да го придвижат за само 3,9 секунди, што е за 0,8 секунди побрзо од досегашниот 750i M Sport! Максималната брзина и понатаму е електронски лимитирана на 250 километри на час, но со M Driver’s Package опцијата, овој луксуз достигнува брзина од 305 километри на час.
 
 
Гледано од надвор, покрај неизбежната V12 ознака, M760Li во однос на обичната Серија 8 може да се разликува и по единствените 20 инчни тркала, а тука се и двете двојни издувни цевки, како и M Perfromance aero-пакет во чиј рамки се нуди и опционен заден спојлер.
 
 
Секако, ваквиот модел доаѓа и со повеќе од богат список на опрема, кој подразбира Executive Drive Pro адаптивен систем, а тука е и системот на посебни вентили во рамките на издувниот систем, кој го збогатува звукот на силната V12 единица.
 
 
Цената на овој модел се уште не е официјално соопштена, но јасно е дека ќе биде значително поскап во однос на актуелниот 750Li xDrive, кој во Германија чини 115.100 евра.
 

BMW Серија 7 - 2012
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил