Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Volvo со пораст на продажбата од 9,4% во Јануари
 
Spodeli
10 February 2016, 16:07


Volvo со пораст на продажбата од 9,4% во Јануари Volvo XC90 Volvo со пораст на продажбата од 9,4% во Јануари
Одличниот премиум SUV на Volvo, XC90, ги донесува првите позитивни резултати – продажбата на шведскиот производител порасна за 9,4% во Јануари на светско ниво!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Вкупно, глобалната продажба во Јануари изнесува 33.761 возило и главен двигател на растот е токму XC90. Со стратегијата за обновување на секој модел во гамата, како и новиот најавен знаменосец Volvo S90, продажбата во наредната година се очекува да продолжи да расте.

Најуспешен пазар за Volvo е Кина, каде шведскиот производител продаде 7.228 возила, што е извонреден раст од 22,9%, уште поголем од растот од 15% остварен во Ноември и Декември.

Во продолжение и официјалното известување од Volvo:

Групацијата Волво автомобили (Volvo Car Group) ги објавува податоците за малопродажбата во јануари
Глобалната продажба на Волво автомобили е во пораст 9.4% и покажува стабилен раст во сите региони
 
•    Глобалната малопродажба е 33.761 автомобили во месец јануари
•    Кина со пораст од 22.9%
•    На глобално ниво двигател на растот е Новото Волво XC90
 
Волво автомобили забележа пораст од 9.4% во малопродажбата за месец јануари, со глобална продажба од 33.761 возило Главен двигател на растот во сите региони беше новото Волво XC90.
 
Најголем пазар за Волво во јануари беше Кина, со продажба од 7.228 возила, раст од 22.9% во споредба со истиот месец минатата година. Ова следеше по одличното завршување на 2015 година во Кина, кога Волво забележа повеќе од 15% зголемување за ноември и декември. Поединечните продажби во јануари беа на новото Волво XC90 и локално произведените модели на Волво XC60 и S60L.
 
САД објавија малопродажба од 4.243 возила, 11.8% пораст во споредба со истиот месец минатата година. Продажбата забележа пораст поради зголемената продажба на новото Волво XC90, кое, исто така, беше и најпродаваниот модел на Волво во САД за тој месец.
 
Малопродажбата во Европа во целост забележа пораст од 6.6%, со вкупно 16.951 возило. Неколку клучни пазари, вклучувајќи ја Шведска, Белгија и Германија забележаа зголемување на продажбата и Волво XC60 беше најпродаваниот модел, а новиот XC90 имаше најголем раст за месецот.
 
За целата година 2015, Волво автомобилите забележаа рекордна малопродажба со 503.127 автомобили, со 8.0% пораст споредено со 2014 година.
 
Статусот на малопродажбата (испорака до краен корисник) за Групацијата Волво автомобили е следен:


 
Волво XC60 беше најпродаваниот модел во јануари, со 10.214 продадени возила (2015: 10.403), по кој следеше новото Волво  XC90 кај кое испораката на возила достигна 6.219 автомобили (нови). Волво V40 и V40 Cross Country беше третиот најпродаван модел со 6.165 автомобили (6.990). Бројките од продажбата по модел може да ги видите во делот за продадени количини Sales Volumes во Глобалниот информатор (Global Newsroom).
 
Групацијата Волво автомобили во 2014/15 година
За финансиската 2014 година, Групацијата Волво автомобили забележа добивка од работењето од 2.252 милиони шведски круни (1.919 MSEK во 2013 година). Приходите од периодот изнесуваа 129.959 MSEK (122,245 MSEK). За целата година 2015, глобалната продажба постигна рекордни 503.127 возила, кое е зголемување за 8% во споредба со 2014 година. Рекордната продажба и добивка од работењето го отвори патот за Групацијата Волво автомобили да продолжи да инвестира во својот план за глобална трансформација.
 
Повеќе за Групацијата Волво автомобили
Волво започна да работи во 1927 година. Денес, Волво автомобили е еден од најпознатите и најпочитуваните брендови во светот, со продажба од 503.127 во 2015 година, во околу 100 земји. Волво автомобили, од 2010 година е во сопственост на Жејанг Гили Холдинг (Zhejiang Geely Holding) (Geely Holding) од Кина. Беше дел од шведската Волво Групација до 1999 година, кога компанијата ја купи Форд Мотор Компани (Ford Motor Company) од САД. Во 2010 година, Волво автомобили го купија Гили Холдинг (Geely Holding).
 
Од декември 2015 година, Волво автомобили има речиси 29.000 вработени ширум светот. Седиштето на Волво, развојот на производи, маркетинг и административните функции главно се наоѓаат во Гетеборг, Шведска. Седиштето на Волво автомобили за Кина се наоѓа во Шангај. Главните производни капацитети на компанијата се наоѓаат во Гетеборг (Шведска), Гент (Белгија) и Ченгду (Кина), а моторите се произведуваат во Сковде (Шведска) и Жангјаку (Кина) а компоненти
те за шасијата во Олофстром (Шведска).


Volvo XC90
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил