Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > ТОП 5 > Топ 10 најпродавани автомобили во светот во 2015 година
 
Spodeli
28 January 2016, 14:11


Топ 10 најпродавани автомобили во светот во 2015 година  Топ 10 најпродавани автомобили во светот во 2015 година
Излегоа и првите бројки за продажбата на автомобили во светот и еве ги 10-те најпродавани модели во светски рамки во 2015 година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На листата има многу очекувани модели – како Toyota Corolla, Ford Focus и VW Golf, но и неколку изненадувања… И да, многу модели не се достапни кај нас.

10. Toyota RAV4



Јапонскиот SUV ја нема популарноста како своите претходници, но со 664.382 продадени примероци во 2015 година, останува силен играч во сегментот. RAV4 забележа раст од 5,5% во однос на минатата година.


9. Chevrolet Silverado



Во САД големите пикапи се продаваат подобро дури и од автомобилите и затоа има два такви на оваа листа – првиот е Chevrolet Silverado со 669.683 продадени примероци во светски рамки, доволно за 9-тото место.


8. Honda CR-V



Помина времето кога Honda беше препознавана по своите лимузини и спортски купеа – сега најпродаван модел на јапонскиот производител е SUV. CR-V се продаде во 696.594 примероци во 2015 година и имаше пад од 2,5% во однос на минатата година.


7. Volkswagen Polo



Најпопуларниот модел од ниската класа во Европа, воедно е најпопуларен таков модел и во светот. Polo се продаде во 698.182 примероци и имаше раст од 2,2% во однос на минатата година.


6. Hyundai Elantra



Најпопуларниот модел на Hyundai, Elantra, лани се продаде во 746.924 примероци, што е пад од 9,1% во однос на минатата година – добар знак дека Корејците треба да поработат на замена...


5. Toyota Camry



Најпродаваниот автомобил во САД (минус пикапите) постигна продажба од 754.154 возила во светски рамки, но имаше мал пад од 1,9% во однос на минатата година.


4. Ford Focus



Еден од најпопуларните компакти во светот оваа година се продаде во 826.221 примероци и имаше пад од 19,4% во однос на минатата година. Ford сигурно се надева дека извонредниот RS ќе ги привлече купувачите повторно кон одличниот Focus.


3. Ford F-Series



Најпродаваниот пикап во САД, иконата на американскиот граѓанин, Ford F-Series, се продаде во 920.172 примероци во 2015 година, што е раст од 1,6% во однос на минатата година.


2. VW Golf



Неговото височество, Volkswagen Golf имаше зголемување на продажбата од 1,2% во 2015 година, за 1.041.279 продадени примероци во светски рамки. Висока бројка, но еден друг компактен автомобил го превзема првото место...


1. Toyota Corolla



Најпродаваниот автомобил на сите времиња, минатата година го задржа првото место на листата. Corolla се продаде во дури 1.339.024 примероци, што е раст од 4,7% во однос на минатата година и се должи пред се на растот на продажбата во Кина и САД.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од ТОП 5



 
 
 
 






Одберете нов автомобил