Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Челници на Volkswagen знаеле за малверзацијата со емисиските тестови
 
Spodeli
25 January 2016, 15:44


Челници на Volkswagen знаеле за малверзацијата со емисиските тестови  Челници на Volkswagen знаеле за малверзацијата со емисиските тестови
Поединци од врвот на Volkswagen групацијата знаеле за лажирањето на емисиските тестови уште во 2006 година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Според наводите на германските медиуми малверзацијата на емисиските тестови од страна на групацијата Volkswagen, трае од 2006 година.
 
 
Имено, Sueddeutsche Zeitung јавува, повикувајќи се на се уште службено необјавени резултати, дека разговорите и планирањето за ваквото однесување започнале уште во 2006 година, и дека челниците но и нивните помошници знаеле што точно се случува.
 
Исто така, истиот извор наведува дека еден од водечките луѓе, кој не бил запознат со малверзацијата при испитувањето на емисиите на дизел моторите, уште во 2011 година бил предупреден од страна на службеник кој бил упатен во проблематиката, односно бил замешан во истата малверзација, но тој ги игнорирал наводите и не превземал ништо за да се спречи оваа малверзација.
 
Sueddeutsche Zeitung наведува и дека експертите задолжени за задоволувањето на строгите американски емисиски стандарди биле очајни во невозможноста за остварување на своите задачи, односно пронаоѓање на брзо, евтино и ефикасно решение за тој проблем.
 
Наместо признание дека такво нешто не може да се постигне со тогашната технологија, еден од учесниците во малверзацијата изјавил дека “избрале измама”, бидејќи “…никој немал храброст да признае неуспех”.
 
Всушност, се работело за своевидна јавна тајна во внатрешноста на групацијата. Најверојатно, во средината на оваа година VAG ќе ги објави првите резултати од својата истрага.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил