Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Audi го представи новиот A4 Allroad Quattro
 
Spodeli
13 January 2016, 13:15


Audi го представи новиот A4 Allroad Quattro   Audi го представи новиот A4 Allroad Quattro
Audi представи Караванска и Седан верзија на A4, а сега на ред дојде и A4 Allroad Quattro...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Откако производителот од Инголстад неодамна ја представи новата генерација на моделот А4 во верзија на караван и седан, на ред дојде и A4 Allroad Quattro, кој премиерата ја имаше на сегашниот саем во Детроит.
 
 
Рецептот не се промени, па така A4 Allroad Quattro добил 34 милиметри висок под и стандарден погон на сите четири тркала, како и нова верзија на Drive Select составот на Audi, кој во овој случај има и дополнителен режим на работа, односно “off-road”, во комбинација со стандардните Comfort, Dynamic, Auto, Efficency и Individual.
 
 
Оваа верзија, од стандардниот караван се разликува по дополнителниот заштитен браник, калниците, праговите и подвозјето, едиствените стандардни 17 и опционите 19 инчни фелни, повисоките кровни носачи, како и разните специфични додатоци за овој модел, вклучувајќи и хромирани додатоци на маската за моторот и праговите. Единствената разлика во внатрешноста се ситните детали, додека поголема разлика во опременоста на ентериерот нема.
 
 
Овој модел на европските купувачи ќе им биде достапен со 2,0 литарски TFSI мотор со моќност од 252 коњски сили, како и 5 TDI изведби со моќност помеѓу 150 и 272 коњски сили. Исто така, во понудата ќе се наоѓа и мануелен 6-степенски менувач, нов 7-степенски S-tronic и доработен 8-степенски Tiptronic менувач.
 
 
Продажбата на овој автомобил би требало да започне до почетокот на ова лето, а цената на германскиот пазар би се движела од околу 44,750 евра за основниот модел.
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил